Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следниот потег на Орбан – надвладување врз одлуките на судовите

0
By Нова ТВ on March 1, 2020 ВЕСТИ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жељко Јовановиќ е директор на Канцеларијата за Роми во рамки на Фондациите „Отворено Општество“. Одлуката за блокирање на пресудата против сегрегација на Ромите укажува зошто лидерите на ЕУ мора да се спротивстават на унгарскиот моќник.

Виктор Орбан ја спроведува својата кампања за целосна контрола на Унгарија на повисоко ниво. Унгарскиот премиер минатиот месец објави дека неговата влада ќе блокира судска пресуда со која се обесштетуваат Ромите жртви на сегрегација во училиштето во градот Ѓонѓошпата.

Унгарците, тврди Орбан, „никогаш нема да прифатат да даваат пари за ништо“. Вистинските жртви, тврди тој, се учениците од градот кои не се Роми. Последиците од оваа соопштение на Орбан ја надминува судбината на Ромите во Ѓонѓошпата или во другите делови од Унгарија.

До сега, Орбан и неговата владејачка партија „Фидес“ се одржуваа на власт со уништување на опозиција преку креирање на измислени надворешни непријатели – Европската унија, Џорџ Сорос, мигрантите – со цел да ја засилат својата контрола и моќ. Сега, тие создаваат непријатели од редот на своите граѓани во државата – поттикнувањето на анти-ромски расизам е можеби најлесниот метод што можат да го изберат.

Фото: errc.org

Оваа срамна епизода укажува на тоа колку далеку ќе оди режимот во Унгарија, за да ја задржи својата контрола. Орбан со овој чин испраќа порака, дека секогаш кога жртвите на незаконски или кривични дела ќе добијат судски случај, владата ќе утврдува дали одлуката е исправна, дали треба да има компензација и како треба да се изврши.

Еднаш кога режимот ќе направи преседан за надвладување на судовите, секој што не е во добри односи со оние на власт ќе немаат права, додека оние кои се наклонети кон власта ќе бидат заштитени, дури и ако се криминалци. Орбан исто така го најави својот план за спроведување на „национална консултација“ за судската пресудата за обесштетување – тактика што претходно ја има искористено, кога испрати анкета со сугестивни прашања за ставовите на Сорос за миграцијата, во обид да го дискредитира.

Како одговор на овој потег, ромските граѓански лидери организираа мирен протест, излегоа на улиците на Будимпешта, повикувајќи ја владата да ги почитува правата на Ромите. Потезите на режимот се раѓаат од страв. Партијата на Орбан, „Фидес“, видно погодена од победата на опозицијата во Будимпешта и на други значајни места на последните избори, сега е загрижена дека би можела да ја изгуби власта.

По една деценија под владеењето на Орбан, унгарските граѓани почнуваат да поставуваат прашања што владата би претпочитала да не ги одговара: Зошто историски голем број Унгарци ја напуштаат земјата Зошто јавните здравствени услуги во Унгарија рапидно се влошуваат? Дали унгарските деца заслужуваат образовен систем кој, во последната деценија, се спушти од 37-та на 96-та позиција од 138 земји рангирани од Светскиот економски форум?

Како одговор, режимот сега ја повторува тактика на Јобик, екстремно десничарската унгарска партија, која се обидуваше да изгради моќ со напаѓање на Ромите. Јобик ја создада таа тактика пред околу една деценија, насочувајќи го гневот и вознемиреноста предизвикана од финансиската криза кон Ромите, како жртвено јагне, врз основа на вкоренетите стереотипи.

Овие напори разгореа омраза кон Ромите и доведоа до појава на униформирани паравоени сили кои маршираа низ ромските заедници. Екстремно десничарското мотивирано убиство на шест Роми, вклучително и Роберт Чорба, едно дете, беше трагично, но сепак не предизвика промена на ставовите кон Ромите.

Методите на Орбан се застрашувачки, со оглед на екстремно десничарската закана која се шири околу него. „Расизмот е отров“, со право рече германската канцеларка Ангела Меркел по последниот екстремно десничарски терористички напад во нејзината земја, во кој загинаа 10 лица во Ханау од кои неколку, наводно, се Роми.

Кога станува збор за Унгарија, постапките на Меркел не соодветствуваат со нејзините зборови. Канцеларката е најмоќната фигура во Германија, но, нејзината демохристијанска унија и централно-десничарската Европска народна партија сè уште соработуваат со Орбан, што овозможува ЕУ да продолжи да финансира режим што го користи истиот „отров“ што доведе до трагедијата во Ханау.
Ова ги мотивира членовите на германската политичка и индустриска елита да работат со и во Унгарија и на тој начин, овозможувајќи ја авторитарната кампања на омраза на Орбан.

Потребно е да се направи многу за да се промени ваквата состојба, додека сè уште имаме средства. Првото нешто што треба да се направи е да се замени политичкото лицемерие со морална јасност. Виктор Орбан и екстремно десничарските терористи тврдат дека штитат одреден начин на живот – како и новата Европската комисија, која за првпат вклучува комесар за „промовирање на нашиот европски начин на живот“.

Лидерите на Европа, вклучително и Меркел и претседателот на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, мора да појаснат дека нивната дефиниција за европскиот начин на живот не е иста како онаа што ја промовираат Орбан и другите истомисленици, како италијанскиот лидер на десницата, Матео Салвини.

Омразата нема место во европскиот начин на живот. Политичките лидери, мора да одговорат на екстремно десничарскиот тероризам со иста енергија и одлучност како што реагираат на терористичките акти извршени во името на исламот.

Не е доволно, како што предложи Советот на Европската унија, „да се создаде подобар преглед на ситуацијата“ и „да се развијат и споделат добри практики“. Екстремно десничарскиот тероризам тројно се зголеми во последните пет години. Дебатите за политиката на ЕУ мора да ги земаат предвид расистичката политика која поттикнува терор.

Понатаму, Европската народна партија мора да ја исклучи „Фидес“ надвор од своите редови. Останувањето на партијата во рамките на најголемите про-ЕУ политички сили не ја подобри состојбата со унгарската демократија. ЕУ, исто така, треба да престане да обезбедува средства што ја храни моќта и расистичка машина на „Фидес“. Доколку не се преземат активности како погоре наведените, зборовите нема да имаат никакво значење кога ќе се случат следните убиства.

„Фидес“ ја поткопува секоја социјална и институционална основа која обезбедува отчетност и контрола на нејзината моќ, а сите знаеме кон каде тоа води. Јас пораснав под режимот на Слободан Милошевиќ во Србија, каде катастрофалните последици од таа диктатура траат со генерации. Прозорецот на можности може да се затвори за Унгарија, но ова не е време за пораз. Ако Ромите можеа да водат илјадници луѓе на минатонеделниот протест, оние со многу поголема моќ може да ја искористат за да и помогнат на Унгарија повторно да стане вистинска демократија.

Виктор Орбан Роми Судови Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.