Published: Monday, August 3, 2015 10:32
Жителите на селото Габчиково во Словачка гласа против планот за изградба на привремен прифатен центар за околу 500 мигранти кои сега се наоѓаат во Австрија. Според договорот меѓу Братислава и Виена, Словачка се согласила да прими мигранти кои бараат азил во Австрија.
Словачкото Министерство за внатрешни работи предупреди дека при донесувањето на конечната одлука не мора да бидат земени в предвид резултатите од референдумот.




