Published: Monday, December 21, 2015 14:59
Словенците на референдумот вчера го отфрлија законот кој на еднополовите двојки им овозможува склучување брак и посвојување деца.
Против законот гласале 358.548, или 63 отсто од избирачите, а го поддржале 120.967 односно 37 отсто од излезените гласачи, покажуваат резултатите по преброените 96 отсто од гласачките ливчиња.
Тоа значи дека законот кој оваа пролет го усвои Парламентот нема да стапи на силa, бидејќи против него на референдумот се изјаснило мнозинството и повеќе од петтина од сите избирачи запишани во единствениот Избирачки список.
Покрај тоа, Парламентот и владата за слично законско решение не можат да се изјаснуваат следните година дена.
Словенците на референдум сличен законски проект веќе отфрлија пред три години.




