Словенија и Хрватска денеска најавија дека ќе продолжат да работат за зачленување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, со што би се придонело за зајакнување на довербата и стабилноста во регионот.
„Словенија го поддржува процесот на проширување (на унијата) и јасно е дека регионот веќе и припаѓа на ЕУ. Сепак, потребно е државите од Западен Балкан да ги спроведат реформите, да изградат институции, да го зајакнат владеењето на правото и да се справат со корупцијата и организираниот криминал“, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец во Брдо кај Крањ.