Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенија голем поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија

0
By Ivana on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенија е голем поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, истакна Министерката за труд и социјана политика, Јагода Шахпаска по официјалната вечера на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу ЕУ и Западен Балкан.

Состанокот се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија а министерката имаше неформална средба со министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Република Словенија Јанез Циглер Краљ.

Шахпаска ја истакна вербата и очекувањето дека Република Словенија за време на претседателствувањето со Европската Унија уште повеќе ќе придонесе за конечно придвижување на Северна Македонија во нејзиниот интегративен процес и поскоро одржување на првата меѓу владина конференција.

Двајцата соговорници разговараа за приоритетите на двете земји, особено по предизвиците што ги наметна Пандемијата со Ковид-19, но и за продлабочување на меѓусебната соработка.

Словенечкиот министер Циглер Краљ оцени дека после пандемијата сите држави и во ЕУ и во Западен Балкан мора да се фокусираат на политики за младите кои ќе значат создавање услови за нивен побрз напредок и развој.

Министерката Шахпаска информираше дека Северна Македонија креира и имплементира системски политики и решенија со цел да им обезбеди услови на младите да останат во државата и тука да ја градат својата иднина.

Таа додаде дека Министерството за труд и социјална политика работи на повеќе нови законски решенија, како што е и Законот за работни односи, во кој ќе бидат имплементирани работата од дома, работата од далечина, флексибилното работно време со цел да излезе во пресрет на потребите на денешнината.

 

Јагода Шахпаска Македонија Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.