Премиерот на Словенија, Миро Церар, изјави дека е најдобро Хрватска самата да се согласи и да започне со спроведување на арбитражната одлука за поморската граница меѓу двете држави, инаку во спротивно ќе бидат принудени да поднесат тужба.
Спорот меѓу Словенија и Хрватска е поради Пиранскиот залив, во којшто и покрај арбитражата, биле забележани хрватски риболовни бродови во словенечкиот дел, а истото продолжува и по полициски интервенции.
Церар вели дека е можно и да се побара помош од Европската комисија, за да ѝ се понудат можности на Хрватска и арбитражата да се одвива непречено.