Министерката за образование на Словенија, Клавдија Мaркеж не го дочека ни првото заседание на владата откако поднесе оставка поради доказите дека нејзиниот магистарски труд бил плагијат, пренесуваат медиумите од регионот. Премиерот Миро Церар вели тој сноси објективна одговорност.
– Не очекував дека ќе се соочам со ваков проблем бидејќи за време на проверките и разговорите бев убеден дека нема никаков проблем, рече тој.
Според Цирар тешко дека таа ќе остане во пратеничката група на партијата.
Таа исто така потенцираше дека размислува дали треба да се врати во Собранието, сепак неофицијално поднела оставка и од пратеничкото место, пренесува Танјуг.
Медиумите од Словенија неколу пати пишуваа дека на интернет страницата на Собранието недостасуваат податоци за нејзиното последно работно место пред да дојде на пратеничкото место.
Се претпоставува дека на Мaркеж ќе и се одземе и титулата магистар.
Факултетот на кој го пријавила трудот денеска ќе разгледува дали има услови за одземање на звањето.




