Словенечките болници од денеска може да вработуваат лекари специјалисти од трети држави што не се членки на Европската унија, но најмногу до една година и со одобрение од Министерството за здравство.

На тие лекари стручна гаранција за работата треба да дадат три домашни лекари од иста специјалност.

Тоа е овозможено со измените на Законот за лекарска служба кои од денеска стапуваат на сила.

Владата ги предложи тие измени за да реши проблем со недостиг од специјалисти во водечките болници. Освен кардиолози, во болници во Словенија иразен е дефицит на анестезиолози, и на повик од болници на помош доаѓаат анестезиолози од Риека и од Загреб.