Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенско младинско гледалишче вечерва на МОТ со „Ние европски лешеви“

0
By Нова ТВ on September 22, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 22, 2016 11:10

„Ние, европски лешеви“ на Словенско младинско гледалишче вечерва е на репертоарот на МОТ, со почеток во 20 часот во МКЦ.

Претставата во режија на Себастијан Хорват е посветена на Жртви на бенг – бенг модата. Токму со оваа претстава се означува поставувањето на Јовановиќ за уметнички директор на Словенско младинско гледалишче, кое тој и неговите колеги го претвориле во најзначајното театарско поглавје на овие простори во минатиот век. На 60-годишнината од постоењето на театарот, Симона Семениќ , несомнено најрадикалната словенечка писателка, ќе го парафразира Жртви на бенг – бенг модата и ќе создаде нов драмски текст по кој се прави претставата.

Инаку Себастијан Хорват е еден од позначајните словенечки режисери, студирал театарска режија во Љубљана, каде што дипломирал во 1998 година со претставата Елсинор, базирана на адаптација на шекспировиот Хамлет. Во 1997 година заедно со неговите соработнички, костимографката Петра Вебер и актерката Наташа Матјашец Рошкер го формирале независниот театарски институт наречен E.P.I. центар. Денеска, тој претставува значаен центар за театарска продукција, кој соработува со институционални театари во создавањето на театарски проекти. Хорват магистрирал во 2005 година и започнал да работи на академијата во Љубљана.

Во 22.00 часот во МКЦ следи перформансот „Државата“ на Александар Мануилоф од Бугарија. „Државата“ е во рамките на МОТ+ програмата и ни претставува една конкретна предност на современото театарско – концептуално дело, разгледувајќи ги условите на претставата, која сепак ја користи моќта на нарацијата да се осврне на реалните политички прашања.

Александар Мануилов е писател, драматург и сценарист од Бугарија. Тој е првиот бугарски автор што бил поканет со текст на еден од најголемите и највлијателните европски театарски фестивали, Theatertreffen (2015), во целата историја на фестивалот од повеќе од половина век. Драматуршките дела и филмовите на Александар се прикажани на некои од најважните театарски и филмски фестивали во Европа и пошироко, како што се Temps d’Images, Globalize: Cologne во Келн, Prague Quadrennial во Прага, Teszt, Лето во Варна, како и на Меѓународните фестивали на независен филм во Мадрид, Солун и Истанбул, Фестивалот на документарен филм во Москва, Фестивалите на независен филм во Кан, Мајами и Лос Анџелес. Неодамна беше повикан да биде дел од најновиот проект на германската театарска трупа Римини протокол. Пишува за ТВ серии во во Берлин и развива театарски проект за независната сцена во Минхен.

Повеќе информации за програмата на 41.издание на МОТ на следниот линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.