Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Дојранско езеро-Тодоров се повика на Правилник кој не e во сила

0
By Менче Атанасова Точи on July 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот Правилник за води се уште не е стапен на сила, а министерот Тодоров веќе ги прогласи резултатите на Институтот за јавно здравје за неважечки. Овој Правилник со кој се негираат резултатите од важечкиот , денеска излезе во Службен весник, а ќе стапи на сила за седум дена.

По забрана за капење во водите на Дојранското езеро, се покрена цела лавина од општината, а министерот изјави дека резултатите се ставени во контекст на правила кои с е одамна напуштени во Европската унија. На барање и во организација на Општина Дојран таму денеска се наоѓаат експерти од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно здравје во Велес, како и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Денеска излегува новиот Правилник кој не кореспондира со досегашниот кој датира од 1999 година. За споредба, новиот Правилник кој е од 2007 ма во ЕУ, дозволено е многу повеќе ентерококни бактерии и ешерихија коли од дозволеното со важечкиот правилник. Огромна е разликата. Тоа практички значи дека ако ние сме утврдиле 3 класа на вода со досегашниот Правилник, според новиот излегува дека квалитетот на водата е одличен“, изјави за НОВА Михаил Кочубовски, раководител на сектор за здравствена екологија во Институтот за јавно здравје.

Во Дојран денеска биле земни примероци од водата од езерото, која веројатно ќе се работи според новиот Правилник. Кочубовски тврди дека е надминат проблемот со колекторот за прочитување, кој досега не ја прочистувал водата доволно. Но, тврди дека фекалии не се слеваат во езерото.

„Не забележавме дека некаде се слеваат фекалии во водата“, рече Кочубовски.

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети тврди дека институцијата стои зад резултатите од направените анализи. Не сакаше да го коментира новиот Правилник на кој се повика министерот Тодоров.

„Ние стоиме целосно зад добиените резултати. Ако имало нов Правилник, зошто не се употребува“ рече кратко Мемети за НОВА.

Инспекторите постапиле по важечката процедура, односно по правилникот кој е на сила, тврди директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тука нема дилема.

„Ние работиме според важечкиот Правилник кој е на сила. Резултатите од анализите на водата се според сегашната регулатива. Со стапување на сила на новиот Правилник , кој откако ќе излезе во Службен весник и стапува на сила за седум дена, тогаш ќе почнеме да го применуваме“, изјави Џевдет Шаќири директор на ДСЗИ.

Од Министерството за здравство не одговорија зошто министерот Тодоров зборува за правилник кој се уште не е стапен на сила. Со тоа јавно ги негираше резултатите на Институтот за јавно здравство кој работи по ИСО стандарди.

Експертите велат дека на ваков начин јавноста е комплетно во забуна, а и чудно што откога се обелодени загадувањето на Дојранско езеро се забрза процедурата за новиот Правилник, кој бил подготвуван изминатиот период .

Дојранско езеро Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.