Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Еразмус: JО бара професорите да се отстранат од работните места

1
By Нова ТВ on September 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 12, 2016 12:49

javnobovinitelstvo

Обвинителството за организиран криминал и корупција бара Судот да забрани работни активности на осомничените професори во акцијата Еразмус, за, како што велат оттаму да се превенираат состојби што можат да го попречат нормалното водење на кривичната постапка.

-Покрај истражната постапка, забележано е дека обвинетите продолжуваат да ги извршуваат своите работни активности во рамките на Економскиот факултет во Скопје и притоа се во секојдневен контакт со студенти, а со тоа и со оштетените и жртвите во кривичната постапка што се води. Со оглед на тоа што кривичните дела за кои се води постапка се поврзани како со извршувањето на нивните работни активности, така и со студентите и со меѓусебната комуникација на факултетот, јавниот обвинител цени дека со судска одлука на обвинетите треба да им се забрани да ги извршуваат работните активности до правосилното завршување на постапката, се вели во соопштението на Обвинителството.

За предметот „Еразмус” , Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од јуни оваа година постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи – Единица за корупција, спроведуваше истражна постапка против шест лица, меѓу кои професори на Економскиот факултет при УКИМ, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс.

Осомничените биле следени две години со посебни истражни мерки, а дел од сведоците се и студенти.

Двајца од обвинетите сториле кривично дело – Примање поткуп, едно лице кривично дело – Примање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание , две лица дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и едно лице за кривично дело – Давање поткуп.

Тогаш Основниот суд Скопје 1- Скопје со Решение на обвинетите им изрече мерки на претпазливост со кои се стекнаа со обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице и кај надлежен државен орган и им беа одземени патните исправи за преминување на државната граница.

Акцијата на УКИМ со силно полициско обезбедување на 6. јуни годинава траеше со часови. Полицијата вршеше претрес во кабинетите, а професорот Бобек Шуклев беше задржан на паркинг просторот на кампусот, а претрес се правеше и во неговиот автомобил.

 

Во полициската акција која се случуваше на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ реагираа дел од професорите, кои велат дека со прекумерно вооружените сили се руши Автономијата на Универзитетот.

Тогаш од обвинителството посочија дека  согласно Законот за високо образование , кога полицијата се соочува со затекнато лице на извршување на кривично дело или треба да спречат такво дело може да влезе на просторот на Универзитетот.

Професори: Полициската акција ја наруши автономијата на УКИМ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.