Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Ласкарци“: Возачот на автобусот бил дијабетичар, инсулинот не влијае на способноста

0
By Нова ТВ on February 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Возачот на автобусот боледува од дијабет тип 2 од 2010 година, што со терапија добро се регулира и има добра општа здравствена состојба, изјави вешто лице од Институтот за судска медицина, презентирајќи ги извештаите за здравствената состојба на Маноил Трифуновски на денешното рочиште за „Ласкарци“. Од систематските прегледи, појасни вештакот, се гледа дека нема друга болест и ниту прима терапија што може да влијае на способноста на управување со автобусот.

„Сите лабораториски наоди укажуваат на нормално ниво на шеќер на крвта, односно со терапијата е нормално регулиран“, изјави вештакот, одговарајќи на прашања од обвинителот.
За тоа како влијаела терапијата што ја земал врз способноста за управување со автобусот, вештакот рече дека Трипуновски примал само инсулинска терапија.
„Инсулинот и апчињата немаат влијание врз неговата способност за возење, рече вештакот.
Од медицинската документација и извршениот преглед на возачот на автобусот, рече вештакот, не нашле податок или медицински факт што би укажал дека на несреќата и претходело некое пореметување што влијаело на здравствената состојба.
„Од анализите на крв и урина направени по несреќата не е утврдено присуство на алкохол и други психотропни супстанци. Првиот лабораториски тест направен по незгодата покажува дека утринското ниво на гликоза во крвта било 10,1 милимол на литар“, изјави вештакот.
Вештакот посочи дека вообичаено при вакви случаи се зема крв веднаш при прием во болница, а резултатите се издадени утрото.
„Крвта е земена некаде околу 18.50 часот, отприлика час и 50 минути по несреќата. Убедена сум дека по една таква несреќа и шок на организмот, нивото на шеќер во крвта не одговара со тоа непосредно пред несреќата, нагласи вештакот.
Објасни дека врз нивото на шеќер влијаат многу фактори, а не е само храната.
„Причина за зголемената концентрација веројатно е поради стресот по незгодата. Ретроградно не може да се претпоставува колку изнесува нивото на шеќер, тој постојано варира“, изјави вештакот.
На прашање од одбраната дали гликозата во крвта по три часа од земањето почнува да се раствара, вештото лице рече само доколку не се чува соодветно подолго време може да дојде до намалување на гликозата. Вештакот на почетокот кажа дека од ЈО барале да направат вештачење за здравствената состојба на возачот Маноил Трпуновски за неговата способност за управување на автобусот, дали има некоја болест, дали примал терапија и дали таа би можела да влијае, како и повеќе прашања кои се однесувале на неговата здравствена состојба пред и по сообраќајната несреќа. Од вешто лице во Институтот е извршен увид во целокупната медицинска документација и направен преглед на возачот на 5 март во 2019 година.
Фото: sitel.com.mk
Процесот за автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. Под обвинение во предметот се шест лица – сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед – Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.
Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари лани на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.
„Дурмо Турс“ дијабет рочиште Случај „Ласкарци“ Шофер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.