Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Мијалков“

0
By Нова ТВ on March 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 13, 2021 11:29

Најмалку 30 години затвор за Мијалков, ако му се утврди вина во сите предмети на СЈО

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, пред две недели доби 12 години затворска казна за случајот со масовното незаконско прислушување и за уништување опрема „Таргет-Тврдина“. Ова е втора изречена затворска казна за Мијалков од страна на првостепениот суд, откако претходно беше осуден, а Апелација му ја укина затворската казна од 3 години во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. За тој случај повтореното судење е во тек.

Сепак, братучедот на експермиерот Никола Груевски, кој немаше среќа да го следи неговиот пример и да избега од државата, на суд се појавува и за уште неколку други случаи, во кои исто така му се закануваат високи затворски казни, доколку му се утврди вина и биде осуден со затворски казни.

Мијалков е обвинет и осомничен во случаите „Трезор“, „Тортура“, „Титаник 2“, „Империја“ и „Плацеви на Водно“. Доколку се соберат заедно средните должини на затворските казни за овие дела, заедно со пресудата од 12 години затвор за предметот „Таргет-Тврдина“, на Мијалков му се собираат повеќе од 30 години затвор.

ОБВИНЕТ ЗА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ТОРТУРА И ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

По пресудата за „Таргет-Тврдина“ следен случај кој се очекува да заврши набрзо е случајот „Трезор“, во кој што Сашо Мијалков е првообвинет. Во овој предмет, тој, заедно со поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикана штета на буџетот на државата во висина од 862.045 евра поради набавка на на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од страна на фирма од Велика Британија.

Завршните зборови на Јавното обвинителство за овој случај се закажани за 22 март, додека пак завршните зборови на одбраната се закажани на 29 март. Делото за кое што е обвинет Мијалков во овој случај, злоупотреба на службена положба, предвидува затворска казна од најмалку 4 години.

Мијалков е обвинет и за случајот „Тортура“, каде што обвинителството го гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за начинот на апсњето на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, а според обвинението, полицајците кои го апселе Бошкоски употребиле прекумерна сила, му пренеле закани од Мијалков, а еден од нив дури и му ставил пиштол на главата.

Како првоосмничен за организирање и наведување на припадниците на полициската единица „Алфи“, на Сашо Мијалков во овој случај му се закануваат од една до пет години затворска казна.

ОСОМНИЧЕН ВО ДВЕ ФИНАНСИСКИ ИСТРАГИ

Ексдиректорот на УБК е осомничен во слуачјот „Империја“. Во овој случај под истрага се вкупно 13 лица, меѓу кои се и Мијалков и Орце Камчев. Тие се сомничат дека испрале најмалку 10.5 милиони евра. Истрагата за овој случај е се уште во тек, а во моментов се чека финансиското вештачење со кое истрагата се очекува да биде завршена, а потоа да следи покренување обвинителен акт. Покрај тандемот Камчев – Мијалков, во „Империја“ се опфатени и Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Мијалков е осомничен и во уште една истрага на Јавното обвинителство за случајот „Плацеви на Водно“. Во овој случај покрај Мијалков, осмничени се и експремиерот Груевски, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева, Ненад Јосифовиќ, како и кумот на Груевски, Ристо Новачевски. Тие се сомничат дека проневериле над еден милион и триста илјади евра донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Парите наместо во партиската каса завршиле за атрактивни плацеви на Водно.

Мијалков како второосомничен во случајот, обвинителството го товари дека иако знаел оти парите се прибавени со кривично дело, стапил во контакт со сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и побарал документацијата, печатите и жиро-сметката да му бидат дадени на располагање. Во овие истраги, Мијалков се сомничи за делото перење пари и други приноси, за кое се предвидуваат затворски казни од една до десет години.

ДЕЛОТО ОД ПРЕДМЕТОТ „ТИТАНИК 2“ ЗАСТАРУВА ЗА ДВЕ ГОДИНИ

Мијалков во 2019 години беше неправосилно осуден во случајот „Титаник 2“, каде што е обвинет дека примил награда за противзаконско влијание врз членовите на ДИК за одлука за прегласување на локалните избори во 2013 година. Апелациониот суд ја укина оваа пресуда, по што судењето за овој предмет започна одново. Привичната пресуда, во која Мијалков беше осуден на 3 години затвор, Апелациониот суд ја укина со образожение дека го сториле тоа поради повреди на постапката, по што процениле дека одлуката на Кривичен целосно била незаконита и неправилна.

Повторното судење за овој предмет е во тек, а во моментов се сослушуваат сведоците на одбраната. Рочиштата за овој предмет се одвиваат бавно, поради што постои можност делото да застари. Ова дело застарува за две години, односно во 2023, поради што веројатно ќе има натегања помеѓу обвинителството и одбраната за побрзо завршување, односно раздолжување на случајот.

Па така, ако во следните две до три години има затворски пресуди за Мијалков во сите предмети на СЈО во кои е обвинет и во истрагите во кои е осомничен, тогаш вкупната бројка ќе надмине 30 години затвор. Секако дека постои „формула“ по која ќе му се одреди колку години ќе помине зад решетки за тие 30 и „кусур“ години, но јасно е дека Мијалков е далеку од слободата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.