По вчерашниот инцидент во Кавадарци поврзан со сомневање за изборен поткуп, денеска Судот на барање на Обвинителството издадал наредба за одземање на видео снимки од безбедносните камери од општинската зграда во Кавадарци и околните објекти. Со наредбата и се наложува на полициската станица Кавадарци да го одземе видео записот и да го предаде на понатамошно постапување во обвинителството.
Судската наредба е обезбедена откако вчера во полицијата стигнала пријава за обид за поткуп пред претстојните избори.
Од извори во истрагата дознаваме дека обвинителката, лицето кое пријавило дека му бил даден поткуп за да гласа за одредена партија, го повикала на разговор в понеделник, односно ден по изборите. Првично било планирано изјавата да ја даде денес, но во меѓувреме се сменила одлуката и разговорот со пријавителот ќе биде извршен задутре.