Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сменетата реторика на Бугарија е прв чекор кон решение на спорот

0
By Mirjana on January 19, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 19, 2022 16:38
Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков вчера, наметна една нова реторика на Република Бугарија што може да се толкува како прв чекор кон решение на спорот со нашата земја. Претседателот на тамошната влада не го криеше задоволството и денеска во Народното собрание, кога пред новинарите повтори дека вчерашаната посета на Северна Македонија и неговиот македонски колега Димитар Ковачевски е „огромен успех“.
Двајцата премиери вчера направија прв голем чекор – нашата држава испрати вербална нота до ОН дека нема територијална претензија кон Република Бугарија, од друга страна пак Бугарија прифати скратеното име на нашата држава Северна Македонија да го користи подеднакво, како и долгото име Република Северна Македонија со што се обврза дека нема да ја кочи употребата на тоа име во меѓународните процеси.
„За оваа нота е разговарано, разговарано, преговарано, и само затоа што направивме нов пристап, тоа го добивме. Тука треба да се разбере дека вчера беше огромен успех“ -рече Петков денеска во Нардното собрание на Република Бугарија. Петков и Ковачевски покажаа дека пријателствата во меѓународните односи се стекнуваат преку совпаѓање на интересите на државите.
Двајцата премиери најавија дека работните групи кои ги формираат ќе бидат концентрирани во области на економијата, инфраструктурата, трговијата, иновациите, евроинтеграциите и во областа на образованието и културата. Со тоа се испрати јасна порака дека сегашноста ни укажува на други приоритети, кои значат многу повеќе за граѓаните, за нивната иднина посебно за младите.
„Тоа што го постигнавме на првата средба јасно укажува дека двете страни решивме, добрососедството да има поинаква дефиниција од тоа што било досега“ – изјави Петков.
Бугарскиот и макеоднскиот премиер, вчера на пресконференцијата меѓусебно се обраќаа на име што беше дополнителен показател за нивата желба да ги обединат граѓаните околу стратегиските цели на Бугарија и Северна Македонија.
Несомнено е дека Петков влева надеж дека од исток ќе имаме политика втемелена на пристојност, европски вредности. Бугарскиот премиер уште пред да го добие мандатот вети дека- идната Влада на Бугарија ќе се залага за силно добрососедство, но и дека не смее историјата да биде критериум на патот на Македонија кон ЕУ, што всушност се поистоветува и со официјалната политика на нашата Влада.
Редакција НоваТВ
анализа по посета Ковачевски Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.