Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смешно и непотребно е оддалечувањето од политиките на ЕУ, Пендаровски има поента!

0
By Marija Todorovska on March 10, 2025 ТЕМА
Фото: Фронтлајн
Фото: Фронтлајн
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 10, 2025 15:57

Гледајќи ја меѓународната ситуација, таа во ЕУ и судбината на Украина, мислам дека владата е во право. Надворешните критики од опозицијата се конзистентни со опозициските ефекти. Но, онаму каде што треба да престане ова усогласување на Северна Македонија е веднаш штом Украина и Русија постигнат мир. И таму владата треба да се концентрира на сериозни реформи без разлика дали ЕУ или САД ги сакаат.

Дестан Јонузи

„Господинот Пендаровски има поента кога вели дека не требало толку да се позиционираме кон Трамп. Со оглед на сите контроверзи кои го опкружуваат трамповото претседателствување, не ја исклучувам можноста и тој да се предомисли за многу од политиките за кои се залага. Во тој случај ќе испаднеме смешни како држава, а непотребно се оддалечуваме од политиките на Европската унија“, вели во изјава за Фронтлајн, Димитар Николовски извршен директор на ЕВРОТИНК, коментирајќи го ставот на поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски околу позиционирањето на Влада во однос на „новото нормално“ на Трамп.

Селим Ибраими од Институтот за безбедносни и развојни студии смета дека Владата треба да се концентрира на сериозни реформи без разлика дали тоа го сакаат ЕУ или САД.

Без разлика на големината на државата и нејзиното значење, важно е една влада да одржи реален курс со светот. Понекогаш личните врски, лобирањето и идеолошките ги надминуваат традиционалните основи на дипломатијата и надворешната политика. Така, гледајќи ја меѓународната ситуација, таа во ЕУ и судбината на Украина, мислам дека владата е во право. Надворешните критики од опозицијата се конзистентни со опозициските ефекти. Но, онаму каде што треба да престане ова усогласување на Северна Македонија е веднаш штом Украина и Русија постигнат мир. И таму владата треба да се концентрира на сериозни реформи без разлика дали ЕУ или САД ги сакаат, изјави Ибраим за Фронтлајн.

Поранешниот претседател Стево Пендаровски изјавил дека го загрижува позиционирањето на Владата во поглед на новата американска администрација.

– Многу е важно како ние како мала држава, знаете во кој регион сме лоцирани, се поставуваме наспроти тие глобални промени. Трамп ја поремети глобалната рамнотежа, ја поремети внатрешно трансатлантската заедница, затоа што воведе царини и започна со офанзивни дејствија против своите најголеми сојузници досега и соседи, но она што посебно ме загрижува е позиционирањето на нашата нова Влада во однос на администрацијата на Трамп. Реченицата која ја кажа нашиот премиер Мицкоски по враќањето од Америка дека треба да се навикнеме на ова ново нормално и дека тоа ново нормално ќе го преплави светот е опасна теза. Од новото нормално не се преплавени ниту Америка, Канада, Мексико, Велика Британија,… рече Пендаровски.

Впечатокот дека владата на Северна Македонија сè повеќе се усогласува со политиките на новата администрација на Доналд Трамп дополнително се зацврсти по втората посета на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон за помалку од еден месец и средбите што тој таму ги имаше за време на годишната Конференција на конзервативната политичка акција.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Дестан Јонузи Ибраим Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.