Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сметката празна-Институтот за јавно здравје е во колапс

3
By Менче Атанасова Точи on July 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сметката на Институтот за јавно здравје во Министерството за здравство е блокирана од извршители, а последната плата ја земале во мај, дознава НОВА од свои извори во оваа институција. Ситуацијата е алармантна бидејќи не можат да ги извршуваат тековните обврски, да набавуваат материјали, нема пари ниту за гориво во службените возила. Се трошат и залихите на реагенси, така што неизвесно е кога ќе престанат превентивните програми, односно превентивните прегледи и испитувања.

Институтот е највисока научна и превентивна институција во државата. Таа е продолжена рака на Министерството за здравство и во неа се вршат испитувања и се вршат анализи од областа на епидемиологијата, вирусологијата, ХИВ/СИДА и други болести,се испитува храна, воздух, вода(како што беше случај со Дојранско езеро)се испитува ниво на радијација, се вршат санитарни и прегледи, доктрини, проекти.

Според податоците до кои дојде НОВА, во моментот на сметката нема ниту денар, а Институтот е во загуба од половина милион евра. Во моментот оваа институција вкупно должи 1 милион и 790  илјади евра, од кои 1 милион и 715 илјади евра треба веднаш да се платат. Сметката со извршител  ја блокирала фирмата „Биотек“ на кои за реагенси Институтот им должел 260 000 евра. Нашите извори велат дека 245 000 евра биле наплатени во јануари,а остатокот од 44 000 евра ги наплатиле во средата, додека неплатени, доспеани има уште 130 000 евра. На Институтот пак, му должат еден и пол милон евра.

Оваа институција која се наоѓа само спрат погоре од кабинетот на министерот за здравство е голем должник на ЕВН( околу 200 000 евра), на Авицена( 300 000 евра за реагенси), како и на Заеднички служби во Клиничкиот блок каде за парно греење должат околу 278 000 евра.   За ваквата состојба е известена Владата и министерот за здравство Никола Тодоров, но од таму се уште не добиле никаков одговор.

Информациите ги потврди и директорот Шабан Мемети, кој рече дека последното писмо до премерот Емил Димитриев за финансиска поддршка е испратено пред една недела.

„Да, точно е тоа, а за ваквата ситуација информиран е министерот за здравство и Владата. Чекаме одговор“, кратко одговори Мемети.

Всушност, Владата за ваквата состојба била информирана уште во април годинава, кога било испратено  првото барање за финансиска поддршка.

Иако, Институтот има сопствени извори на средства, по кој основ од разни должници треба да наплати еден и пол милион евра, тие се средства не се доволни за да се покријат сите трошоци, а особено програмските активности, велат во Институтот. Приватните лица кои вршеле испитување на храна и други работи не ги плаќаат редовно доставените фактури, дополнуваат нашите извори.

Во Институтот велат дека приходите од буџетот се во постојано опаѓање и нивниот износ не е доволен ниту за основните материјални трошоци на програмските активности,( чиј обем е зголемен). Згора на се институцијата од свои средства ги покрива платите на вработените за овие активности иако треба да бидат финансирани од буџетот на државата.

Во Институтот за јавно здравје во моментот се вработени 167, а од септември со вработување на лицата со договор на дело, според Законот за трансформација на Владата, вкупната бројка ќе изнесува 183 вработени. Трпението на вработените е при крај, што може да се рефлектира и на тековното работење.

Од Министерството за здравство до објавување на текстот не добивме никаков одговор. Но, според неофицијални информации, таму се дигнала голема врева по испраќањето на прашањата од НОВА.

Од Владата информираат дека за оваа состојба со Институтот за јавно здравје побарале мислење од Министерствата за финансии и здравство.

„Согласно законските и деловнички прописи побарано е да се произнесат Министерствата за здравство и финансии и откога ќе бидат доставени нивните мислења, Владата ќе се произнесе за оваа материја“, се вели во одговорот од Владата.

извршители колапс празна сметка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.