Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смилевска: Докази за сомнеж за корупција во СК 2014

0
By Нова ТВ on April 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Пред четири години на Антикорупциската комисија и го дадов како доказ мојот телевизиски прилог (во Алфа ТВ, наша заб.) во кој сопственикот на леарницата Арте Бронзо од Верона, вели дека наместо 8,5 милиони евра, неколку споменици од Скопје 2014 ќе ги изработел за 2,7 милиони евра, пишува Милка Смилевска, новинар во Ал Џазеира за Порталот “Фактор”

“Скулпторот Андреа Пизани беше шокиран од висината на сумата што општина Центар ја плаќа на леарницата Фердинандо Маринели од Фиренца. Се излеаа два пара лавови, спомениците на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и рељефите на фонтаната во центарот на Скопје. Пизани во телефонскиот разговор велеше дека три пати повисоката сума што ја добил неговиот колега е неверојатна!

– Не знам како властите од Скопје ги платиле овие пари. После ова слободно можат да ја затворат леарницата – се чудеше италијанскиот леар”, пишува Смилевска.

Новинарката на Ал Џазеира, која овој потег го направи кога беше новинар за Алфа ТВ, потсетува дека за истражувањето и понудувањето докази не се чудела тогашната прва антикорупционерка Мирјана Димовска, ниту го отворила случајот, ниту истражила дали општина Центар го има злоупотребено буџетот, затоа што дала многу повеќе јавни пари за споменици, кои можела да ги купи за помала сума.

Сепак, адвокатот Драган Малиновски, во 2009, од позиција на поранешен член на Антикорупциската тогаш изјавил дека регулаторното тело треба веднаш да го испита случајот со леењето на скулптурите за неколку пати повисока цена. Малиновски рекол дека некој треба да одговори зошто склучил штетен договор од 8,5 милиони евра, пишува Смилевска.

-Ревизијата што ја најави градоначалникот Андреј Жерновски ќе покаже дали имало злоупотреби и дали антикорупциската комисија и обвинителството треба да спроведат подлабока истрага како се трошеле јавните пари, вели Смилевска за Фактор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.