Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун- Ким Јонх – нам е убиен со забранет отровен нервен гас, соопшти Малезија.
Токсиколошките наоди покажуваат дека Ким Јонг нам е нападнат со нервниот гас ВХ, кои Обединетите нации го класифицираа како оружје за масовно уништување, а трагите од отровната супстанца се пронајдени на неговото лице и на очите, изјави директорот на малезиската полиција Калид Абу Бакар.
Тој рече дека двете жени кои разговарале со него на аеродромот и се обиделе да му го избришат лицето, подоцна се разболеле.
Бакар вели дека малезиската полиција испитува како отровото бил внесен во Малезија.
Оваа информација отвора безброј прашања за безбедноста во зградата на аеродромот која властите во Малезија не ја деконтаминирале дури 11 дена по нападот, наведува агенцијата АП.
Постои сомнение дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун стои зад нападот на својот полубрат, пренесува Би Би Си.
Ким Јонг нам, инаку постар брат на Ким Јонг ун, почина минатата недела на аеродромот во Куала Лумпур.
Малезиските власти претходно соопштија дека тој најверојатно е отруен. Полицијата во Куала Лумпур до сега уапси 4 лица за поврзаност со убиството.
Малезиските власти одбија да го предадат неговото тело ан Северна Кореја и извршија две обдукции, тврдејќи дека резултатите прво биле нејасни, што предизвика тензии во односите мешу двете земји.
Малезија тврди дека само ги почитува правните процедури, додека Пјонгјанг ги обвини дека истрагата е политички мотивирана.




