Високиот суд во Египет ги потврди смртните казни за десет мажи поради учество во досега, најголемото насилство во земјата што се случи на фудбалски стадион, во февруари 2012 година, кога беа убиени над 70 навивачи.
Најголемиот број од жртвите буквално биле згмечени кога публиката се обидела да побегне од стадионот Порт Саид во истоимениот град, а гужвата ја предизвикале навивачите на клубот Ал Масри. Сведоци истакнуваат дека некои од навивачите паѓале, а други биле буквално фрлени од трибините.
Понискиот суд претходно осуди десетимина на 15, 14 и на 10 години затвор, додека 15 луѓе на по пет години затвор.
Пресудата на Високиот Касационен суд ја потврди пресудата на понискиот суд, и таа е конечно и не може да биде обжалена.
Обвинувањата се поврзани за убиство и за обид за убиство, а меѓу осудените на пет години затвор е и бившиот шеф на полицијата на Порт Саид.
Фудбалските натпревари многу често се можност за насилство во Египет. Тимовите чии навивачи учествувале во несреќата на стадионот. „Ал масри“ и „Ал ахли“ од Каиро се долгогодишни ривали.
Како што се наведува, хаосот настанал кога навивачите од Каиро извадиле транспаренти на кои биле испиани навредливи пораки за тимот кој победил.
Оттогаш во Египет е ограничен бројот на оние кои можат да учествуваат на натпреварите, а навивачите често се обидуваа насилно да влезат на стадионите каде што имаат забранет влез.
Во февруари 2015, најмалку 22 загинаа пред стадионот кога обезбедувањето им забранило на навивачите да влезат. Агенциите јавија, повикувајќи се на изјави на лекари и сведоци, дека најмногу од жртвите се задушиле во стампедото кое настанало откако полицијата фрлила солзавец за да ги спречи хулиганите да влезат на натпреварот меѓу двата клуба од Каиро.




