Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смртност на доенчиња: Најмногу умираат ромските бебиња

1
By Менче Атанасова Точи on December 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголема смртност на доенчиња има кај Ромите, покажуваат анализите на Заводот за заштита на мајки и деца. Фрапантни се последните достапни податоци од кои се гледа дека во 2014 година смртноста кај новороденчињата кај оваа популација изнесувала  14 ,2 промили, а дури 17,4 промили на 1000 родени, во 2013 та година.

Податоците говорат дека смртноста кај доенчињата кај ромската популација е највисока во однос на останатите во сите периоди почнувајќи од раѓање, се до 11 месец од животот.

Како причини стручњаците ги наведуваат социјалниот статус, необразованоста, тинејџерската бременост, неинформираноста, но една од главните причини е и недостапноста до матичен гинеколог. Бројот на матични гинеколози е преполовен на 135,  а  една од најголемите  скопски населби Шуто Оризари,  десетина години е оставена без матичен гинеколог.

Жените Ромки од  оваа градска населба  со 40 000 жители немаат достапност до матичен гинеколог кој ќе ја следи бременоста, ќе алармира доколку има проблеми со плодот, ќе издава упати и рецепти.

„ Во случајот жените Ромки се ранливи на повеќе нивоа, значи има преклопување на нивната ранливост. Секако дека достапноста до гинеколог е многу важна, изјави за НОВА, доктор Бранкица Младеновиќ од Заводот за заштита на мајки деца.

.Според,  Државниот завод за статистика во последното тромесечје од годината починале 90 доенчиња. Иако нема прецизни анализи колку од нив се од ромската популација или од Шуто Оризари, фактот што над 8000 жени во репродуктивен период  се оставени без матичен гинеколог  говори дека ризикот од компликации кај бебињата и жените е многу голем.

Приказната со Шуто Оризари започнува во 2007 ма година, кога оваа голема скопска населба остана без матичен гинеколог, а на жените им е одземено правото на пристап до гинеколошки здравствени услуги.

“ Јас свој матичен гинеколог имам, но има жени што не можат да платат ниту такси, ниту автобус за да одат во друга населба. Знаете ли колку жени имаат потреба од матичен гинеколог. Тие сакаат во својата општина да одат на лекар, ова е голема општина“, рече една жителка на Шуто Оризари.

Граѓанските здруженија и жените Ромки апелираат дека матичен гинеколог е потребен во населбата, а не надвор од неа.

„Жените плаќаат за превоз и се ограничени да посетат матичен гинеколог што им е дополнителен пороблем“, рече Салие Бекир Халим теренска работничка од ХЕРА.

На огласот за концесионер не се пријави никој, а стимулацијата од  дополнителни 15 000 денари не беше мотив за лекарите да дојдат во населбата. Времената мерка со која се овозможи гинеколози од болницата во Чаир да доаѓаат во поликлиниката во Шуто Оризари не даде резултати.  Тие не можат да издаваат упати, рецепти, да водат бременост.

„Еднаш неделно е малку гинеколог, ама и жените не се доволно информирани дека доаѓаме,  рече Ана Марија Шпишиќ од Гинекологија Чаир

Следуваа  петицијата од жените Ромки и  повеќе протести. Последно, Министерството вети специјализација за гинеколог кој ќе почне да работи, но дури по шест години. И оваа мерка не го решава проблемот веднаш.

„ Намалувањето на бројот на гинеколозите кој што се случува во последниот период, влијае на тоа дека не сите жени имаат еднаков пристап до гинеколошки услуги. Но, самиот систем на здравстевни реформи кој почна во 2007 ма година, треба да се запрашаме дали донесе некои негативни последици. Факт е дека матичните гинеколози имаат право да одбијат да бидат распоредени во делот од градот или земјата каде што недостасува гинеколог“, изјави доктор Младеновиќ.

Во време кога е енормно зголемена смртноста на доенчињата, Министерството за здравство  за 2017 та година ги скратило парите за превентивните програми за мајки и деца и буџетот за нив, скратени се парите за Ромски здравствени медијатори, редуцирани с е и нивните посети во домовите. Во Програмата за наредната година нема предвидено специфични активности за ромското население, кои ги имаше  во Програмата во периодот од 2011 до 2015 година.

Во Здружението на матични гинеколози велат дека Министертвото за здравство на време е запознаено со проблемот со гинеколог во Шуто Оризари, но немањето на стратегија и план за специјализации доведе до оваа катастрофална ситуација.

 

гинеколог доенчиња Роми смртност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.