Published: Wednesday, February 18, 2015 19:04
Две лица загинаа, а шестмина се ранети во напад врз шиитска џамија во Равалпинид во Пакистан, јавуваат официјални лица. Според властите, нападот е извршен со рачна граната или бомба. Одговорноста за нападот ја презеде портпаролот на Талибанците нарекувајќи го „одмазда за тековна воена операција“. Ова е најнов напад во серијата напади против шиитите во Пакистан.




