НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Смртта и воскреснувањето” на Бабченко – етапа во инфо војната

0
By Нова ТВ on May 31, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Репортери без граници и Европската федерација на новинари (ЕФН) остро ја осудија “тажната” симулација со наводната смрт и “воскреснувањето” на Аркади Бабченко. За нив ова е неприфатлива лага и манипулација со јавноста.

“Новинарите и медиумите, како и службениците што го спроведуваат законот, имаат одговорност да кажат како и зошто посегнуваат кон лукавства и да дадат објаснување за нивните акции. ЕФЈ не е убедена во тврдењата на украинските безбедносни служби”, реагираше ЕФЈ од Брисел.

За Репортери без граници ова е “уште една етапа во информативната војна” помеѓу Киев и Москва.

Украинските власти вчера тврдеа дека оваа “специјална акција” за Бабченко е направена поради тоа што имало руски заговор а Москва изјави дека станува збор за “провокација”.

На 29 мај стаса веста дека рускиот новинар Аркадиј Бабченко е убиен вчера што предизвика реакции. ЕУ побара од властите да ги најдат виновниците за ова убиство. Но утредената, Бабченко, познат новинар и голем критичар на политиката на Москва, се појави на прес конференција на украинска телевизија, жив и здрав.

Вчера Киев откри дека лажната смрт на Бабченко била сценарио на Украина за да се спречи вистинско убиство на овој новинар што, тврдат Украинците, го планирала Москва.

Од прес конференцијата во Киев

Бабченко им се заблагодари на украинските безбедносни служби за спасувањето на неговиот живот. Се уште не е јасно како било инсценирано лажното убиство.

Украински Шерлок Холмс?

Според шефот на безбедносните служби на Украина, еден Украинец, платен од руските тајни служби, бил уапсен но тие не дадоа никаков детал за неговиот идентитет. Според нив, овој човек требало да подготви убиста на триесетина лица, пред се Руси, кои избегале од Русија во Украина.

Антон Гершченко, советник на министерот за внатрешни на Украина на својот ФБ профил напиша дека оваа режија била неопходна за да се истражи целата мрежа на заговорот, од убијците до оние што го нарачале убиството. “Шерлок Холмс успешно ја користеше оваа метода со режија на својата сопствена смрт за да разјасни комплицирани злосторства”, напиша тој.

Руското Министерство за надворешни работи преку соопштение изрази радост што Бабченко е жив. Според портпаролката Марија Захарова, убиството било исценирано за да се постигне пропаганден ефект и дека станува збор за “нова анти-руска провокација”.

Информацијата за смртта на Бабченко предизвика серија реакции во Украина и Русија.

Украинскиот премиер Володимир Гроисман вендаш ја обвини “тоталитарната руска машинерија” на што Москва веднаш испрати демант.

Во цел ден обвинувања од двете страни, на прес конференцијата на безбедносните служби на Украина дојдоа многу новинари.

“Воскреснувањето” на Бабченко

Потоа шефот на службата рече дека сака да и честита на фамилијата на Бабченко и на самиот Бабченко поради акција по што самиот новинар се појави пред новинарите па тоа предизвика извици на неверување а потоа и аплаузи. Самиот Бабченко објасни дека учествувал во сценариото и им се заблагодари на Украинците што му го спасиле животот.

Украинските служби ден порано, најавујќи ја смртта на Бабченко, велеа дека бил убоен со повеќе куршуми пред свјот стан во Киев каде тој беше во егзил поради заканите за убиство во Русија.

Бабченко ја покриваше војната во Чеченија и напиша книга на таа тема објавена во Франција под насловот “Бојата на војната”. Додека живеел во Москва, Бабченко работел за Новаја Газета и радиото Ехо, два медиуми што отворено го критикуваат Кремљ.

По своето доаѓање во Украина, Бабченко го покриваше конфликтот помеѓу украинската војска и проруските сепаратисти, конфликт во кој загинаа 10.000 лица во четири години. Во своите текстови тој ја критикуваше Москва и тврдеше дека Русија ги им дава оружје на сепратистите. Москва секогаш ја демантирала оваа поддршка.

Откако ја напушти Русија Бабченко прво живееше во Чешка, потоа во Израел за на крајот да се досели во Киев каде води телевизиска емисија.

Аркади Бабченко Европската федерација на новинари Репортери без граници Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.