Published: Tuesday, December 29, 2015 10:19
Врнежи од снег и град го запреа воздушниот сообраќај во САД, а најтешка е ситуацијата на аеродромот во Чикаго каде се откажани неколку стотини летови.
Само синоќа низ САД се откажани 2.900 летови, а 4.800 се одложени поради врнежи од снег и замрзнат дожд.
Во Висконсин паднале околу 30 сантиметри снег, додека во делови од Ново Мексико бурата донела и над еден метар снег. Арканзас, Мисури, Оклахома и Тексас се погодени од поројни дождови и катастрофални поплави, во кои досега загинале 13 луѓе. Најмалку 11 жртви има и од торнадата што ја погодија областа околу Далас.




