Снежна лавина долга еден километар затрупа четворица алпинисти, додека се качувале на највисокиот врв на Камешница, планина на границата помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.

Тројца се извлечени и се надвор од животна опасност, додека потрагата по четвртиот се уште трае.

Специјалните служби утрово соопштија дека на теренот се наоѓаат 130 спасувачи од Хрватска и БиХ, додека во подножјето се наоѓаат резервни екипи кои служат како замена за уморните спасувачи.

Камешница е продолжение на динарскиот планински ланец, на границата меѓу Хрватска и БиХ, во Загора над Сиње. Највисок врв на босанска страна е Коњ(1856м), додека на хрватска е Главаш(1308м).