Во рамки на Меѓународниот ден на глувите лица кој трае од 23.09. до 28.09., Здружението на глуви и наглуви лица “Тишина” заедно со “АМСЛИ” Здружението на толкувачи на македонски знаковен јазик, снимиле порака која би требало да допре до поголем број луѓе а во која се говори за потребите и проблемите на овие лица и за подигање на јавната свест кај луѓето и институциите.