Џејми Андерсон ја одбрани титулата во „слоупстајл“, дисциплина во сноуборд“, од Сочи. Американската олимпијка беше најдобра во конкуренцијата и во Пјонгчанг и 83. бода од судиите во првата серија ѝ беа доволни за одржување на тронот.
Второто место со 76,33 поени го освои Лори Блун од Канада, за место на подиумот се избори и Ени Рукајарви од Финска со 75,38 бода од втората серија.
Поради лошите временски услови, односно, силниот ветар, организаторите беа принудени да ги откажат квалификациите како и третата, последна, серија на изведби во финалето во дисциплината.