Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со инаугуративниот говор на Османи во Виена, Македонија и официјално застана на чело на ОБСЕ за 2023 година

0
By Соња Крамарска on January 12, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денес во Виена пред Постојаниот совет на ОБСЕ ја презентираше програмата на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација.

Под слоганот „За луѓето се работи“ претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година ќе биде фокусирано на луѓето, „кои ќе бидат силата што ќе нè води во годината што претстои“, најави пред присутните Османи.

Тој истакна дека претседателството ќе се стреми кон засилување на теренската работа, што  претставува значаен услов за подобрување на животот на луѓето, кои се  крајни корисници на активностите на ОБСЕ. „Северна Македонија ќе ја промовира, поддржува и ќе ја засили работата на ОБСЕ на терен, ќе вложи напори да ја подобри координацијата и заедничката одговорност во реализацијата на активностите, неопходни во донесувањето позитивни промени“, најави Османи.

„ОБСЕ има докажани резултати од своето делување во различни региони. Овде зборувам за искуството на нашата земја. Како земја домаќин на теренска мисија на ОБСЕ, нашата земја може е компетентна да посведочи за придобивките од теренското присуство на ОБСЕ. Уверен сум дека и другите земји домаќини на теренски мисии на ОБСЕ го делат ваквото мислење. Затоа, не треба да чуди податокот дека приоритетот на нашето претседателство со организацијата е ставањето фокус на луѓето“, потенцираше Османи.

Приоритет на претседавањето на Северна Македонија ќе биде хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност, со акцент на ситуацијата во Украина, најави Османи.

„Украина ќе остане наш главен приоритет. Агресијата мора да престане. Опустошувањето и убивањето на цивилно население се неприфатливи. Вознемирувачки е да се гледа како луѓето страдаат. Последиците и цената од оваа војна за регионот на ОБСЕ и пошироко се жалосни и неподносливи“, порача шефот на македонската дипломатија.

Османи во својство на претседавач со ОБСЕ истакна и дека регионалната нестабилност и потенцијалот за нови конфликти ќе бараат континуирано  внимание. Тој порача дека треба да се задржат суштинските функции и дејности на Организацијата, водејќи сметка таа да биде способна да им обезбеди поддршка на ранливите региони и да остане флексибилна во справувањето со предизвиците.

„Во претстојнава година ќе се фокусираме врз обезбедување поддршка за една функционална и флексибилна ОБСЕ, нудејќи разновиден комплет на алатки кои би помогнале за обновување на мирот и безбедноста, спречување на конфликти и промовирање на соработка низ регионот на ОБСЕ, како и промовирање на човековата безбедност преку обезбедување поддршка за одржлив економски раст и еколошка соработка“, рече Османи.

Османи во своето обраќање го информираше Постојаниот совет за планот за воведување на позиција Специјален претставник на Претседавачот за граѓанско општество, како доказ за посветеноста да одговориме на потребите на луѓето, акцентирајќи дека нема здрава демократија без гласно, живо и истрајно граѓанско општество.

Османи рече дека како земја претседавач со ОБСЕ во текот на целата година очекува поддршка во работата од сите држави учеснички .

„Сметаме на поддршката од државите учеснички и пошироката структура на ОБСЕ во која се вбројуваат Секретаријатот на ОБСЕ, теренските мисии на ОБСЕ, самостојните институции, Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјалните претставници кои работат на значајни  проблематики.“

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи во своето обраќање ја претстави намерата да ја покани Финска да се приклучи на форматот Тројка на ОБСЕ и најави дека Северна Македонија е подготвена за предизвикот што ја очекува во 2023 година.

Р.Н.

Бујар Османи ОБСЕ Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.