Со изведување видео докази предложени од СЈО денеска во Кривичнот суд продолжи судењето за предметот „Тортура“ во кој се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и уште шест лица.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во судот беа пуштени снимки од камера на МВР на која се гледа како крим техничарите вршат увид на возилото пред кое имаше купче со пари во банкноти од по сто евра и четири – пет мобилни телефони.

По паузата, во Судот треба да бидат прегледани повеќе ЦД со видео снимки од камерата на МВР.