Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со кое право барате отчет?

0
By Xhabir Deralla on September 12, 2026 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА, СТАВ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 12, 2026 21:12

Билјана Секуловска | 25 минути

Нема зошто да се повикува власта на одговорност заради тоа што не објави документи за потрошените пари за прославата на јубилејот 35 години  независност на Македонија. Тоа е нивен јубилеј, нивно приватно славење, нивен личен успех. Тогаш кога ќе припаѓа на граѓаните и на државата овој Ден на независноста, дури тогаш ќе имаат сите право да бараат отчет и транспарентност за потрошените пари на граѓаните.

Ако Државна лотарија донирала од сопствените дивиденди за прославата, тоа се нивни пари, сеедно што се државна фирма, никакво значење нема. Станува збор за државна компанија тогаш кога живеат од парите на граѓаните, кои преку данокот им ја подаруваат егзистенцијата. Тогаш кога ги трошат народните пари, тие даноци, тогаш се стриктно приватни, особено дивидендите.

Вакви примери нема многу да можете да најдете во светот, се разбира, освен во затуцаните африкански држави, каде наплатата на трудот е непозната категорија, а честа на утепаните работници е огромна, да ги полнат џебовите на нивните водачи и кликата околу нив.

Оттука, Бобан Милошевски од Авалон нема ниту една причина да објаснува колку граѓаните платиле од своите даноци, за да ја слават независноста со Дејвид Гета.

Нема зошто ниту власта да се вознемирува и да излезе на прес-конференција и ставка по ставка да приложува документи за секој потрошен денар, за концерти и забави кои се нивна лична сопственост, за роденден за кој заслугата им припаѓа само ним, на никој и никого друг, никогаш и никаде.

Со кое право барате отчет, што сте замислиле вие, кои сте вие на оние кои го достигнале врвот да им здодевате, да ги клоцате, да им се качувате на глава, тогаш кога ве носат на раменици и ви го покажуваат патот, крив, прав, право во амбис, но височините ним им припаѓаат, а не вам, вие луѓе-нелуѓе.

Вие сте талог од кој не може да претнат, кој ги заплеткал и ги кочи, во победите, во прославите, во восхитот од сопствената големина. Блаже Конески знаеше како да го отплетка свилениот гајтан со кој се изврзале тие:

“Еве на врвот се искачив. Сам.

Тука не ме следи око ничие.

И што? Јас во себе пак го шепотам

Жалосниот сон на своето величие.”

 


Извор: 25 минути

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.