Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со „Не биди ѓубре“ за почиста средина: Заев чистеше во општина Бутел

0
By Нова ТВ on December 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 14, 2019 16:04

Државната администрација денеска се приклучи на еко-акцијата на граѓанското здружение „Не биди ѓубре“ како начин за одработување на неработниот ден 2 јануари. Во главниот град се чистеше на 20-тина локации меѓу кои езерцето „Треска“ во Сарај, тврдината на Кале, на Водно, во околина на Собранието, долж целата улица „Македонија“, во реонот на МКЦ и на МТВ, касарната „Илинден“, кејот на Вардар, итн.

Дел од владините административци чистеа во општина Бутел, а меѓу нив беше и премиерот Зоран Заев.

„Се надевам дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните за да се сочува хигиената на локациите по завршување на оваа акција“, истакна Заев од ОУ „Панајот Гиновски“.

До одредените локации што се наоѓаат малку подалеку од центарот на градот, особено Аквадуктот и Сарај, ЈСП има обезбедено и превоз, а за сите кои се вклучени во акцијата е обезбедена и соодветна опрема односно заштитни ракавици и вреќи. За подигнување на отпадот низ Скопје и негов транспорт се задолжени екипи од оперативата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Акцијата на „Не биди ѓубре“ се спроведува на национално ниво, се одвива и во неколку македонски градови во кои се вклучија и вработени во локалните самоупорави и подрачните единици на Министерствата. Во Битола се собираше смет на три локации (Нова Битола кај градски пазар, кај Градската библиотека и во населбата „Карпош“ пришто, според информации од терен, се собрани околу 500 вреќи комунален отпад.

Активности за чистење на животната средина, меѓудругите, и во Куманово, во Демир Хисар, во Крива Паланка, во Берово каде во рамки на акцијата се засадени и 50-тина јавори во централното градско подрачје.

„Не биди ѓубре“ акција чистење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.