Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со нов скандалозен говор, Трамп „отвори војна“ со сите

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 23, 2017 10:15

Доналд Трамп вети дека ако Конгресот не гласа за финанизрање, ќе ја и затвори и американската влада за да  го изгради ѕидот долж границата со Мексико.

Тој ова го изјави на митингот „Да ја направиме Америка повторно величествена“ во Феникс Аризона, при што ги обвини демократите за опструкции.

https://www.youtube.com/watch?v=k_0IIdsICKo

За време на 80-минутниот говор, тој говореше на многу теми, од меѓународни договори, настаните во Шарлотсвил, Северна Кореја и медиумите, кои повторно му беа мета на напад, овојпат за поддршка на крајно десничарските групи.

Во неговиот неверојатен настап на митингот на Аризона, Трамп го преработи својот одговор на насилството во Шарлотсвил и ги оживеа културните војни.

Трамп, всушност, се идентификуваше како главна жртва во врска со насилството во Вирџинија, критикувајќи го медиумското покривање на политичката криза која всушност се разгоре токму поради неговата реторика за расите.

Од НАФТА до Северна Кореја

Трамп повтори дека “веројатно ќе го прекине“ трговскиот договор НАФТА, помеѓу САД, Мексико и Канада, што повеќепати досега го споменувал. Трите земји започнаа разговори за ревидирање на договорот, а преговарачите треба повторно да се состанат на 1 септември.

Трамп беше оптимист во однос на Северна Кореја, истакнувајќи дека е можно намалување на тензиите околу ракетните тестови на Пјонгјанг и нуклеарната програма.

-Го почитувам фактот дека тој почнува да нè почитува. И можеби – веројатно не, но можеби – нешто позитивно може да се случи, рече Трамп во однос на севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун.

https://www.youtube.com/watch?v=fLbQttxYqmY

Но, додека тој им се обраќаше на поддржувачите во салата, кои му аплаудираа и го поздравуваа, пред конгресниот центар се одржуваа демонстрации на противниците на политиката на Трамп, кои се судрија со полицијата.

Тие држеа големи карикатурални фигури со хелиум на шерифот Џо Арпајо и претседателот Трамп, и пораки: “Не за нацисти, ККК, за белите супремацисти и не за Трамп“, и „Различноста е моќ“.

Полицијата употреби солзавец откако демонстрантите почнаа да фрлаат шишиња и камења.  Три лица се уапсени.

Претседателот Трамп го започна и го заврши својот говор, повикувајќи го американскиот народ да се обедини.

Но, во истиот тој говор уште на самиот почеток, тој почна да вперува прст во наводните „непријатели“, почнувајќи од медиумите. Тој рече дека новинарите погрешно ги претставиле неговите, како што ги нарече”совршени” изјави по насилството во Шарлотсвил, каде се случија повеќе инциденти, меѓу кои и тој во кој загина една жена откако беше прегазена од возач кој со автомобил влета во толпата луѓе кои протестираа против неонацистите, расистите и фашистите.

Медиумите повторно на мета

Тој обвини дека во медиумите има “навистина нечесни луѓе и лажни медиуми” кои се обиделе да ја избришат „ историјата и наследството”, бидејќи, како што рече, тие “не ја сакаат својата земја”.

Додека тој говореше за медиумите и ги обвини дека јреираат лажни информации, присутните скандираа „Си Ен Ен е ѓубре“.

Притоа тој го цитираше својот првичен одговор на она што се случи во Шарлотсвил.

“Ова е она што го кажав во саботата: Ние внимателно ги следиме ужасните настани што се одвиваат во Шарлотсвил, Вирџинија. Ние ги осудуваме во најсилни можни термини овој екстремно прикажување на омраза, фанатизам и насилство. Тоа го кажав јас во саботата, веднаш по настанот “, рече тој.

Но, Трамп во сето ова изостави два клучни зборови, па американските медиуи паралелно ја цитираа неговата изјава на 12 август во која вели: “Ние ги осудуваме во најсилни можни термини овој исклучиво прикажување на омраза, фанатизам и насилство од многу страни, од многу страни”.

Веднаш потоа, Трамп премина на темата имиграција и демократите за кои рече дека “ја доведуваат во ризилна ситуација целата американска безбедност”, со тоа што се спротивставуваат на изградбата на ѕидот, што тој планира да го гради долж јужната граница на САД со Мексико.

Тој рече дека службениците за имиграција кои работат во областа тврдат дека е “од витално значење” да се спречи протокот на илегалните мигранти.

-Ако мора и ќе ја затвориме владата, за да го изградиме тој ѕид, рече Трамп.

Тој го искористи митингот за да најави дека ќе го амнестира контроверзниот поранешен шериф од Аризона Џо Арпао, кој доби големо внимание во јавноста поради неговиот ригиден став кон имигрантите.

Тој пред насобраните рече дека Арпајо – кој беше прогласен за виновен во јули – “ќе биде добро”, иако рече дека за тоа нема да има официјално помилување, бидејќи не сакал да предизвика никаква контроверза.

Неговите коментари се директно спротивни на оние на портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, која во вторникот рече дека “за тоа нема да се зборува денес”.

Арпајо (85) беше осуден за непочитување на судот во случај поврзан со расна профилирање.

Според аналитичарите со овој говор Доналд Трамп само покажал зошто дури и некои републиканци се прашуваат дали тој има карактер и капацитет да биде претседател на државата.

-Неговиот настап беше свеж показател дека тој се уште се чувствува многу неудобно, а можеби и мотивиран, да дејствува како политички потпалувач кој се приклонува кон националните поделби, наместо да биде претседател кој сака да ја обедини нацијата, коментираат аналитичарите.

Неговиот настап тие го оценија како кампања во вистинска смисла на зборот, во која тој повторно се расфрла со напади и критики врз секој што ќе му се спротивстави на која било негова одлука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.