Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со новиот Закон за заштита на потрошувачи ќе се затвараат компании кои работат со нечесни трговски практики, најави министерот Бектеши

0
By Mirjana on June 17, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 17, 2022 10:30

По донесување на Одлуката за повторното замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, цените во маркетите веќе од вчера почнаа да се намалуваат. Очекуваме дека овој тренд на намалување на цените да продолжи и во наредните денови. Пазарниот инспекторат е на терен за да утврди дали трговците ја почитуваат Одлуката, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во „Утрински брифинг“.

„Владата годинава донесе две мерки за заштита на стандардот на населението – замрзнување на цените и замрзнување на маржите.  Мерката за замрзнување на маржите траеше до крајот на мај“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека се очекуваше дека цените кај трговците ќе останат на исто ниво. Што не се случи, за што донесовме одлука повторно да ги замрзнеме профитните маржи со цел да ги заштитиме граѓаните, изјави Бектеши.

„Не е етички да има маржа од 15% за одредени производи во време на ваква криза. Очекувавме дека според договорите со Стопанските комори компаниите веќе се навикнати на профитни маржи од 4% или 5%. Но, во дел од трошоците – на масло за јадење на пример, 7-8 денари се плаќа за рабат кон супермаркетите. Сега Владата ја укина оваа можност и за супермаркетите и за увозниците. Побарав да се прават секојдневни контроли не само на заштитетните производи туку и на другите производи. За мене е злоупотреба синџирите на маркети да имаат профит од 30% во ваква криза“, кажа министерот Бектеши.

Министерот информираше дека на следната седница на Владата на дневен ред ќе се најде новиот Закон за заштита на потрошувачите каде што точно ќе биде регулирано кои се чесни, а кои се нечесни практики кај ланците на маркети и тоа ќе биде санкционирано.

“Во вторник на седница на Владата ќе се усвои Предлог закон за заштита на потрошувачите каде казните ќе бидат многу високи за сите нечесни практики кои се на штета на потрошувачите. Според постојното законско решение казната може да дојде до 5.000 евра, а отсега казните нема да бидат само парични. Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплатува да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги обравиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност, кажа Бектеши и потенцираше дека ова законско решение е целосно усогласено со европската регулатива.

КРЕШНИК БЕКТЕШИ СО НАЈАВА З АЗАКОНОТ ЗА ПОТРОШУВАЧИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.