Иван Тричковски ќе допатува во Скопје на собир на македонската фудбалска репрезентација во посакувана форма. Крилниот напаѓач на „црвено-жолтите“ се најави кај селекторот Игор Ангеловски со шест гол во кипарското првенство во оваа сезона.

Во премиерниот меч од петтото коло, АЕК Ларнака ја декласира Ахна со 5:1 и се искачи на третото место на табелата со 9 бода, еден помалку од Анортозис и од Омонија кои допрва ќе настапат по петти пат во сезоната.

Тричковски ги одигра сите 90. минути, а меѓу стрелците се впиша во судиското надополнување на првиот дел за водство на неговата екипа со 2:1. Цел меч за гостите одиграа голманот Мартин Богатинов и Бојан Марковски, а во 83. минута беше заменет Јован Костовски.