Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со „Реквием за војната“ Филхармонија ја затвара концертната сезона

0
By НОВА ТВ Balaban on May 16, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 16, 2022 10:18

Во изведбата учествуваат Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, Хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и солистите Весна Ѓиновска – Илкова, Стеван Каранац (Србија) и Горан Начевски.

Овој четврток, во 20 часот во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи концертот насловен „Слобода“ со кој оркестарот на Филхармонија ќе го заокружи официјалниот дел од програмата на концертната сезона „Филхармонија во движење“.

За првпат ќе биде изведено грандиозното вокално -инструментално дело „Реквием за војната“ од Бенџамин Бритн по диригентската палка на маестралниот Бенџамин Шварц (Израел/САД).

Во изведбата учествуваат Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, Хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и солистите Весна Ѓиновска – Илкова, Стеван Каранац (Србија) и Горан Начевски.

Концертот им е посветен на сите жртви во војните кои се водат низ светот, а музиката е порака за мир!

„Реквием за војната“ Бенџамин Бритн го напишал како нарачка од Англиската катедрална црква „Св. Михаил“ во Вест Мидлендс, која повторно била изградена, откако целосно била разрушена по бомбардирањата во Втората светска војна. Ова дело претставува остварување на долгогодишниот сон на Бритн, во кое ја реализирал својата желба да напише вокално инструментално дело и воедно да ја инкорпорира во него сопствената верба во хуманоста и да го изрази своето длабоко сочувство кон жртвите во војните. Како што самиот изјавил “Реквием за војната“ е акт на помирување.

Во „Реквием за војната“ Бенџамин Бритн инкорпoрира фрагменти од поетот Вилфред Овен (1893-1918), кој според него бил еден од „најголемите воени поети, еден од најоригиналните во 20 век.

Првата изведба на ова грандиозно дело била на 30 мај, 1962 година во Катердалната црква „Св. Михаил“. Реакциите од изведбата биле одлични – делото било декларирано како монументален музички тестамент против војната, конфликтите и насилството.

„Бенџамин Шварц е сензација. Со неговата чиста енергија, перфектна техника, во комбинација со мотивиран орекстар, тој успева да продуцира возбудлив и култивиран звук“. Ова се дел од зборовите со критичарите го опишуваат харизматичниот диригент Бенџамин Шварц кој како што оценуваат „има јасна визија во своите интерпретации“. Овие квалитети, заедно со широкиот репертоар на дела произлегуваат од неговата постојано присутна желба за истражување и проширување на индивидуалните звучни хоризонти. Следната сезона Шварц ќе работи како шеф диригент на државниот оркестар на Рајнската филхармонија. Од 2013-2016 година работи како музички директор на Филхармонискиот оркестар на Вроцлав, Полска. Со својата работа во овој оркестар тој беше вклучен и во голем број од настаните кои се реализираа во 2016 година кога Вроцлав беше Европска престолнина на културата. Работел и како гостин -диригент на Филхармонијата на Дисбург (2019-2020), бил гостин диригент на Симфонискиот оркестар на Сан Франциско и музички директор на Младинскиот оркестар во овој американски град. Репертоарот на Шварц го рефлектира неговиот анти-догматски, отворен однос кон програмата и делата од различни епохи и стилови – од делата на Џон Адамс, до Малер, Брамс, Барток… Бил вклучен и во проектот „Години на вознемиреност“ во соработка со скулпторот, сликар и сценограф Александар Ползин, продукција која се базира на поезијата на англо-американскиот поет В.Х. Оден, во која преку музика и слики се прикажуваат настани од раниот 20 век.

Како гостин диригент Шварц настапувал во Кралската филхармонија на Стокхолм, Филхармонијата на Лос Анѓелес, Кралскиот шкотски симфониски оркестар, симфонискиот оркестар на Токиот, Националниот оркестар на Лил и многу други. Работел и оперски продукции во Шведската кралска опера, Операта во Келн, Вајнмар… Работел и балетски продукции, меѓу кои и кореографијата на Пина Бауш на „Посветување на пролетта“.

Во неговата дискографија се делата од Алберт Шнелцер кои ги сними до симфонискиот оркестар на Готенбург, делата на Поул Рудерс со Симфонискиот оркестар на Оденсе и музиката на Васо Мендонца со оркестарот на Гулбенкиан.

„Реквием за војната“ Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.