Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со спектакуларен гала концерт на Ванеса Меј отворено 59. „Охридско лето“

0
By Нова ТВ on July 12, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 12, 2019 22:01

Да ѝ дозволиме на уметноста да нè инспирира на храбри потфати. Да развиваме култура што ќе го отсликува богатството на нашите различни традиции, тука, во Северна Македонија. Да негуваме длабока почит и одговорност за природата што ни е доверена на чување, истакна вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски на отворањето на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ на сцената на Античкиот театар во Охрид.

Ова, нагласи, особено се однесува на незаменливото природно и културно наследство на регионот на Охридското Езеро.

– Мора да направиме сè што е во нашата моќ да го зачуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО. Да правиме простор за другите во самите нас и да се стремиме кон вистинско граѓанско помирување преку правда и простување. Градејќи едно општество за сите, да се сетиме дека ние си припаѓаме едни на други и заедно му припаѓаме на поширокиот европски културен и цивилизациски простор, рече Пендаровски.

Прогласувајќи го фестивалот за отворен претседателот на Северна Македонија подвлече дека во наредните 40 дена ќе бидеме граѓани на уште една заедничка татковина.

– Годинашното „Охридско лето“ ќе го отвори светски познат уметник, кој храбро презеде ризик и откри нов музички стил што излегува од конвенционалните рамки. Виолинистката Ванеса Меј создава радосна музика што е длабоко вкоренета во традицијата, а сепак релевантна за сегашноста и насочена кон иднината. Во неа го препознаваме ритамот што ги поврзува природата и човештвото. Музиката на Ванеса е гласно сведоштво дека наместо да се исклучуваат, различните културни влијанија можат да се надополнуваат создавајќи поголема вредност. И можеби токму затоа, нејзината музика помирува и поврзува милиони луѓе од разни нации и генерации, истакна Пендаровски.

Фестивалот „Охридско лето“, според министерот за култура Хусни Исмаили, како најголем амбасадор на културата и уметноста на Северна Македонија во светот, покрај афирмацијата на светските вредности, дава силна поддршка и на домашната сцена која со секоја своја изведба потврдува дека е дел од европската перспектива на земјава и најсилното оружје кое лесно ги дофаќа европските височини.

– Денешните уметници исправени пред нови предизвици на современото време, гордо ги продолжуваат традициите, ги кршат табуата, ги надминуваат предрасудите, и на најуниверзалниот јазик на човештвото извикуваат – „уметноста е слобода“, рече Исмаили.

Уметничката порака на годинашното фестивалско издание ја прочита режисерот Александар Поповски, кој му ја посвети на македонскиот драмски писател Горан Стефановски. Почнувајќи со извадок од „Црно семе“, Поповски посочи дека уметникот треба да се слави за да остане запишано се она што е околу нас.

– Уметноста има правила кои не се дел од ексел табелите. Уметноста не смееме да ја нарачуваме како песна во кафеана. Треба да и го дадеме сиот простор кој и е потребен за да може самата да каже што чувствува. И тогаш ќе можеме да се видиме и препознаеме. И тогаш ќе останеме запишани во времето, нагласи Поповски.

Спектакуларен гала концерт на отворањето на годинашното 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ имаше светски познатата виолинистка, Ванеса Меј.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.