На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека заштитното стакло под кое се наоѓа ремек-делото се претпоставува дека е премачкано со шлаг.

Во Лувр маж во инвалидска количка фрлил парче торта на „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, објави „БФМТВ“, пренесува „Раша тудеј“.

Инцидентот се случил вчера, пренесува „Марка“. Маж со перика, којшто пристигнал во инвалидска количка, се обидел да ја оштети работата на Леонардо да Винчи. Сликата е зачувана со заштитно стакло.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се забележува дека заштитното стакло под кое се наоѓа ремек-делото, се претпоставува дека е премачкано со шлаг.

Освен тоа, на некои снимки се гледа како обезбедувањето на музејот го следи сторителот до излезот, тој смирено излегува од инвалидската количка и си заминува.

Безбедносната служба веднаш го тргнала напаѓачот. Неговиот идентитет и мотивот за делото не се соопштуваат.

– Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Сите уметници, помислете на Земјата. Затоа и го направив тоа. Треба да се мисли на планетата, изјавил непознатиот сторител, пренесе Новости.