Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со цврсти блокади полицијата не дозволи соодветен протест на Шарените

1
By Влатко Чаловски on July 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешните протести на кои демонстрантите од Шарената револуција го искажаа револтот против еврообврзницата за задолжување на државата за дополнителни 650 милиони евра, се одвиваа во дисперзирани групи на повеќе места.

По собирот во 19 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство, под паролата „1.1 милијарди причини за крај“, демонстрантите се упатија кон Министерството за финансии, а на улицата Македонија кај поранешниот хотел Бристол, беа стопирани од огромно присуство на полиција која беше засилена со водени топови.

Оттаму толпата се раздели помеѓу комплексот Градски ѕид барајќи алтернативни приоди кон Министерството но на секој ќош беше присутна полицијата.

Помала група успеа да продре преку подземните гаражи и влезовите на зградите, а оттаму се интензивираа тензиите помеѓу полицијата и демонстрантите бидејќи во еден момент беа блокирани и тие влезови по што неколку граѓани останаа заглавени.

На поединечни страни полицијата не дозволуваше ниту премин на новинарите како протестите би биле проследени течно и новинарските екипи ќе можеа да известуваат од секој дел каде што имаше групи демонстранти.

Во турканицата со демонстрантите кои се обидуваа да ја пробијат блокадата, полицијата употреби димна бомба. Веднаш потоа, кордонот се повлече и демонстраните започнаа со шарање на фасадата на Министерството.

На едно од стаклата со кармин испишаа Лири (Слобода) а протестите завршија мирно со интонација на македонската химна од страна на присутните.

#Шарена револуција еврообврзница задолжување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.