Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со вечер посветена на словенечката култура, почнува шестото издание на Скопскиот Градски Фестивал

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 13, 2025 18:52

Во Музејот на Град Скопје вечерва почнува шестото издание на Скопскиот Градски Фестивал. Како што е најавено, оваа вечер ќе биде посветена на Словенија и словенечката културна сцена, при што поетот и дипломат Милан Јазбец ќе ја промовира својата збирка „Се отвори небото, песни за Магда“. Исто така, уметницата Магда Шаламон ќе изложи дела инспирирани од планинскиот пејзаж и поетскиот збор, а Dupljak Village Orchestra ќе понуди концерт во кој традицијата се преработува низ модерен звук.

Фестивалот ќе се одржува до 19 мај, и ќе понуди програма што обединува музика, книжевност и визуелна уметност,  спојувајќи домашни автори и изведувачи со уметници од Словенија, Грција и Европа.

-Програмата не е составувана според трендови, туку вредности. Секој артист е избран врз основа на квалитет, оригиналност и контекстуална важност – со цел да создадеме фестивал кој придонесува за културниот идентитет на градот, а не само за неговиот календар на настани. Очекуваме врвни фестивалски денови кои ќе ги задоволат и нај пребирливите културни сладокусци, соопштија организаторите од „Баги Комуникации“.

Како што е најавено, на 15 мај, во малата сала на Филхармонија, ќе настапат тројца македонски изведувачи чии албуми ги објавува „Кроација Рекордс“. „Code 369“, група со препознатлив спој на електроника, поп и етно влијанија, ќе настапи со својот иновативен и енергичен звук.

-Мухамед Ибрахими, врвен гитарист и мултиинструменталист со суптилен баланс помеѓу ориентални мотиви и современа амбиентална естетика, ќе понуди интимен  музички израз. Иван Кукиќ со Источен фронт го претставуваат кантавторскиот правец  со рок интонации и текстови што ја носат урбаната чувствителност на новата  македонска сцена, најавија организаторите.

Следниот ден, на 16. мај, програмата продолжува со грчкото трио „Human Touch“, едни од најавтентичните и најдолговечни инструментални состави од Грција, чии настапи претставуваат врвна фузија на џез, world музика и медитерански ритми.

По нив, сцената ќе ја споделат Мартин Ѓаконовски, македонскиот џез контрабасист, чиј стил комбинира виртуозност, зрелост и длабока музичка чувствителност и Роман Бабик, еден од водечките германски џез пијанисти и композитори, познат по својот моќен звук и инвентивни аранжмани што ја бришат границата меѓу жанровите.

На 17 мај, во Културно информативниот центар – Скопје, публиката ќе има ретка можност за првпат да ја слушне Тања Сонц со нејзиниот квартет, словенечка виолинистка со меѓународна кариера, една од највпечатливите словенечки виолинистки на својата генерација.

Фестивалот ќе биде заокружен на 19 мај во Аудиокултура, каде во 12 часот ќе се одржи промоцијата на новиот албум „Drom“ на грчкиот хармоникаш Thanos Stavridis, проект што ги истражува источномедитеранските и балкански корени низ современа продукција и музичка елеганција.

Фестивалот е во организација на „Баги Комуникации“, а поддржан е од Министерство за култура и туризам, НЛБ Банка, Амбасадата на Република Словенија во Македонија и ЛТХ Леарница.

 

градски скопски словенечка фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.