Земјите од Европа се во ќорсокак бидејќи се уште не знаат како да ги распоредат 40.000 бегалци низ континентот, пишува „Политико“.
Министрите за правда и внатрешни работи денеска ќе се сретнат за да договорат посветеност на земјите, со прецизни бројки да ги прифатат барателите на азил.
Тие ќе се сретнат откако не успеаја да се договорат во Луксембург на 9.јули за критериумите како ќе се распоредат бегалците, а до крајот на месецот истекува рокот кој сами го поставија.
– Продолжуваме со разговорите со сите земји-членки за да ги убедеме дека е потребен посилен ангажман, вели анонимен претставник на претседателство на Луксембург. „Сакаме сите да бидат прецизни и да ја дадат максималната возможна бројка, и ќе инсистираме на тоа“.
На самитот во јуни, жестока дебата се одвиваше помеѓу загрижениот италијански премиер Матео Ренци и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој апелираше на задолжителни квоти.
Остана на тоа, секоја земја самоволно да се произнесе за капацитетот кој го има за да прими бегалци.
Франција, Германија и Холандија сакаат сите земји да го прифатат предлогот на Европската комисија, кој се базира на проценка на населението, на капацитетите, на невработеноста и слични барометри.
Латвија на пример, рече дека же прими само 250 мигранти а не 500 како што тоа го бараше Комисија, додека Бугарија и Унгарија бараа целосно да бидат иземени од шемата.
Полски дипломат зборувајќи за „Политико“, бил оптимист, и рекол дека денешниот состанок “ќе донесе нешто“, иако се уште има несогласувања за околу 10.000 бегалци.
Полска од друга страна е лута што визите кои тие ги издале за Украинците за време на конфликтот, не се третираат како “баратели на азил“, и не се согласува со параметрите според кои Комисијата апелира да се распоредат бегалците.
Од друга страна, германски дипломат вели, денеска не е последниот ден за договор помеѓу министрите.
За побрзо постигнување на договор, се очекува помош од Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.




