Израелски борбен авион Ф-16 бил соборен кога сириската противоздушна одбрана реагирала на израелскиот напад на територијата која ја контролира Сирија.
Од сириска страна соопштуваат дека била нападната воена база, додека израелската војска соопшти дека еден нивен авион е соборен, но дека пилотите се спасени.
Експлозиите можеле да се слушнат и во регионот на Либан, во близина на сириската граница.
Изралеската војска посочи дека ја набљудува ситуацијата и е во борбена готовност.