Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрание: Пратениците ќе одлучуваат за продолжување на кризната состојба со топлинска енергија

0
By Sashko on February 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 16, 2022 09:07

Предлог одлуката на Владата за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје до 30 април оваа година е ставен на дневен ред на денешната собраниската Комисија за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија по што за неа треба да се одлучува и на пленарна седница.

Владата на 17 јануари, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе Одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на територијата на Скопје, а потоа на седницата на 10 февруари донесе одлука за одобрување на продолжување на нејзиниот рок до 30 април годинава. Предлог одлуката треба да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник и да почне да се применува од утре.

Во Собранието денеска седница ќе одржи и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство која треба да расправа за Предлог законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Ане Лашкоска, Златко Пенков.

Законодавно-правната комисија, пак, на одделна седница треба да ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на законите за внатрешни работи и за полиција, во второ читање, предлог на законите за изменување на Законот за Царинската тарифа, на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација и на Законот за платниот промет. Дополнително, пред Законодавно-правната комисија е и Предлог законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот меѓу владите на Македонија и на Косово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.