Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието денеска ја почнува расправата за Предлог – буџетот за 2022 година

0
By Mirjana on December 10, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година.

Собранието денеска во 12:00 часот, во продолжение на 54-та седница, ќе ја почне расправата за дополнетиот Предлог – буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, што е 16-та точка на дневниот ред. Расправата по дополнетиот Предлог – буџет на пленарна седница трае пет дена.

Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

На 4 декември, Владата го усвои дополнетиот Предлог буџет за 2022 година. Прифатени се 23 амандмани во вкупен износ од околу 382 милиони денари. Дполнително, на предлог на Министерството за финансии прифатени се и следните дополнувања на Буџетот за следната година – зголемување на средствата во МИОА во износ од 250 милиони денари за реализација на програмскитре активности на Македонската радио телевизија, зголемување на средствата на Уставниот суд во износ од еден милион денари за избор на нови уставни судии, зголемување на средствата во финаиската полиција во ознос од еден милион денари за набавка на возило. На седницата е утврден и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетскиуте корисници на централната власт и меѓу фондовите со заклучок таа да биде доставена на усвојување во Собранието.

Синоќа, пратениците на седницата што заврши по полноќ, изгласаа повеќе точки меѓу кои и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, како и предлогот на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

На седницата најдолго се дискутираше за кризната состојба заради недостиг на електрична енергија, при што пратениците од опозицијата критикуваа дека Владата е неодговорна, како за кризната состојба за струјата, така и за кризната состојба поради КОВИД-19 и мигрантите, додека парламентарното мнозинство констатираше дека покрај интервентната и превентивната улога на мерките, сепак тие даваат резултати

2022 година буџет седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.