Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието до полноќ треба да ги изгласа измените во Изборниот Законик

0
By Нова ТВ on July 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Република Македонија има рок до полноќ да ги изгласа измените во Изборниот законик, согласно договорот постигнат меѓу партиите потписнички на Пржино. Собраниската седница која беше презакажана за 22 часот се уште не е почната.

ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер испратила драфт верзија до СДСМ, но опозицијата имала забелешки на непрецизноста на  одредбите.

Изборниот законик ќе претрпи измени кои се однесуваат на Избирачкиот список, вклучително и можноста Државната изборна комисија да ги брише оние гласачи од списокот што нема да се пријават во предвидениот рок. Според партискиот договор рок за пријавување ќе биде даден на 39.502 лица кои се сметаат за спорни.

Во измените треба да биде предвидено и ад хок телото за контрола на медиумите, кое ќе ја контролира нивната работа 100 дена пред изборите.

Новиот договор подразбира дека до 31 август треба да се исполнат неколку услови за одржување фер и кредибилни избори на крајот на годината (можен термин е 11 декември).

Измените во изборниот законик беше причина опозицијата повторно да се активира во Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески вечерва изјави дека опозицијата ќе учествува во работата на Собранието, бидејќи сериозни обврски произлегуваат од Договорот за фер и регуларни избори што е постигнат, што треба да се реализираат и преку Парламентот.

„Денеска треба да се донесат измените на Изборниот законик. Наша цел е одржување фер и регуларни избори. Сите наши чекори во текот на целиот овој процес на политичката криза што ја предизвика власта се во таа насока“, рече Сугарсеки на вечерашната прес-конференција во Собранието.

Тој нагласи дека во Договорот се предвидени рокови и решенија за Избирачкиот список, медиумите, ингеренциите на министерот за внатрешни работи, вклучително и обезбедување непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.

Договор од Пржино Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.