Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги отфрли предлозите за референдум од Ангелов

0
By Нова ТВ on May 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доставените предлози за сите четири граѓански иницијативи поединечно, од предлагачот Стојанче Ангелов се беспредметни.

Ова е соопштено денеска од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.

Во соопштението се подвлекува дека иницијативите за распишување референдум не се во согласност со закон и се појаснува дека во членот 28 став 1 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните таксативно се наброени прашањата за кои не може да се распише референдум на државно ниво, а тоа се прашањата што се однесуваат на: буџетот на Република Македонија и завршната сметка на буџетот, за јавните давачки, за резервите на Република Македонија, за прашања на изборите, за именувања и разрешувања.

До претседателот на Собранието на Република Македонија на 22. мај 2013 година, се доставени четири граѓански иницијативи на државно ниво за распишување на референдум, сите четири поднесени од Ангелов.

Првата е граѓанска иницијатива за распишување референдум на државно ниво на кој граѓаните непосредно ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија, дадено на седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 19 јули 2011 година.

Поднесена е и граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум на државно ниво на кој граѓаните непосредно ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија.

Третата граѓанска иницијатива на државно ниво е за распишување референдум на кој граѓаните непосредно ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да вршат јавни функции во Република Македонија.

И четвртата, граѓанска иницијатива за распишување референдум на кој граѓаните непосредно ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ припадниците на ОНА кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.