Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието гласаше „за“ донесување закон за јазици

0
By Нова ТВ on November 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Република Македонија гласаше „за“ потребата од носење на Предлог-законот за употреба на јазиците со што тој влегува во втора фаза кога пратениците имаат можност да поднесуваат амандмани.

За потребата од носење на законот гласаа 66 пратеници, а 41 пратеник беа против.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред гласањето истакна дека неговата партија ќе гласа против бидејќи сметаат дека законот е противуставен и е дискриминаторски кон македонскиот јазик и останатите јазици кои ги говорат граѓаните во Македонија.

– Ние нема да гласаме за потребата од донесување на овој закон. Ќе ги разгледаме сите демократски постапки во следнта фаза да се отстранат слабостите во овој закон, рече Димовски.

По гласањето, Димовски побара половина час пауза и да му биде доставена листа од гласањето.

Беса гласаше за Законот за јазици и ќе го поддржи, но имаме многу забелешки за овој предлог. Со ваков Закон, албанскиот јазик нема да се официјализира и нема да стане втор службен јазик во Македонија, рече Фадил Зендели од Движењето Беса.

Тој најави дека за второто читање ќе поднесат амандмани со кои Законот ќе биде исправен и ќе тргне во вистинска насока, односно во насока во која ќе стане втор службен јазик.

– Нашата интервенција нема да биде на целиот Закон, туку само во оние делови за кои сметаме дека се неисправни односно во деловите кои ќе го направат албанскиот јазик втор службен во државата, рече Зендели.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев денеска најави амандмани на Предлог законот за употреба на јазиците, посочувајќи дека со овој закон ќе се заокружи Охридскиот рамковен договор во делот на човековите права.

– Со денешното изгласување на потребата за донесување на законот за употреба на јазиците почнува постапката за целосно решавање на ова прашање, што е отворено со потпишување на Рамковниот договор, рече Тунтев.

Потенцира дека со носењето на овој закон конечно ќе се заокружи процесот на имплементација на Рамковниот договор во делот на унапредување на човековите права во државата.

– Очекувам дека во соработка со коалициските партнери, но и со останатите пратеници во текот на амандманската расправа, значи во следната фаза ќе дојдеме до комплетно решение што ќе биде во интерес на сите граѓани и на сите етнички заедници. Ние како пратеничка група или дел од неа веќе работиме на амандмански предлози што очекуваме дека ќе придонесат кон подобро и поквалитетно законско решение, рече Тунтев.

Нашата клучна и единствена цел, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ е Македонија да стане општество каде сите ќе бидат еднакви и во правата и во обврските.

Според листингот за гласање за потребата за носење на Предлог законот не се изјасниле двете пратенички од ДОМ, за што Тунтев изјави дека без разлика што тие се дел од владејачкото мнозинство секој пратеник има право на сопствено мислење.

– СДСМ отсекогаш бил и ќе биде демократска партија и секој пратеник има право на сопствено мислење. Ние не навлегуваме во стилот дека не треба да гласате или треба да гласате или со некакви услови. Нашата коалиција не се заснива на такви критериуми така што правото на секој пратеник е да си гласа согласно неговата совест и желба и неговата интенција за придонес кон одредено решение, рече Тунтев.

Координаторот на СДСМ рече дека тие работат на намалување на патните трошоци на пратениците.

– Многу брзо ќе имаме конкретни предлози, рече Тунтев.

Амандманите за Предлог-законот ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи законот е со европско знаменце. Расправата, според Деловникот, ќе трае три дена. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.

Според образложението од Министерството за правда, основна цел за носење на законот е доследна примена на уставните амандмани во законскиот текст во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо. Воедно се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку од 20 проценти.

Како што стои во образложението на Предлог-законот, на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните и неговото писмо на начин утврден со овој закон. Во сите органи на државната власт, централните институции, јавните претпријатија, агенциите, дирекциите, установи и организации, комисии, правни лица што вршат јавни овластувања и други институции покрај македонскиот јазик и неговото писмо службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на РМ. За употребата на јазикот што го зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните во единиците на локалната самоуправа одлучуваат органите на единиците на локалната власт.

Што предвидува Законот за употреба на јазиците

Се предвидува граѓаните да имаат право да употребуваат кој било од наведените службени јазици и нивните писма и оти институциите имаат обврска да им го овозможат на граѓаните користењето, употребата и примената на тие службени јазици и нивните писма.

Со предложениот закон се уредува и употребата на јазикот од страна на избраните или именувани функционери во институциите наведени во законот, како и други институции чие седиште е во Скопје или општини во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, во нивната службена комуникација го употребуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и писмото што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. Меѓу останатото се уредува и употребата на јазиците во Собранието, во Владата, како и пишувањето на називите во институциите.

Законот се носи со просто мнозинство, мора да има кворум од 61, а од нив треба да гласаат 41 пратеник , плус  по Бадинтер, односно да гласа и мнозинството припадници од малцинските заедници.

 

Закон за јазици Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.