Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието го донесе Законот за Национална развојна стратегија

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 6, 2024 15:27

Собранието денеска со 62 гласа „за“ го донесе Законот за Националната развојна стратегија, по скратена постапка.

Стратегијата ќе претставува сеопфатен документ за економскиот, социјалниот, еколошкиот и културниот развој кој има за цел да обезбеди позитивна средина за национален консензус и долгорочни развојни приоритети за државата, кои ќе бидат клучни предизвици во наредните 20 години.

-Реализацијата на Националната развојна стратегија ќе се одвива преку шест клучни стртаешки области – првата област е одржлива, иновативна и конкурентна економија, втората област е одржлив локален и регионален развој кој ќе обезбедува кохезија, третата област е демографска ревитализација, социјален и културен развој, четвртата област е сигурно, безбедно и отпорно општество, петата е владеење на правото и добро управување, а шестата е зелена трансформација на државата, рече Мицевски.

За ова предложено законско решение се одржани неколку јавни расправи во Собранието.

По овој Предлог закон не беа поднесени амандмани. Предлагачи на Предлог законот беа Арбер Адеми, Атнан Незири, Диме Велковски, Јован Митрески, Љупчо Пренџов и Никола Мицевски.

По донесување на Законот, претседателот на Собранието Јован Митрески ја прекина 135 седница и најави дека за нејзиното продолжение пратениците ќе бидат дополнително известени.

Закон за национална развојна стратегија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.