Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ја изгласа преодната Влада

1
By Нова ТВ on September 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците во Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови ја изгласаа преодната Влада согласно партискиот договор – 100 дена пред избори.

Министер за внатрешни работи повторно е назначен генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, а ресорот труд и социјала по втор пат го презема Фросина Ременски. И двајцата денеска дадоа свечени изјави во законодавниот дом.

Нивни заменици ќе бидат Оливер Андоновски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во МВР, и Диме Спасов заменик – министер за труд и социјала.

На функциите дополнителни – заменици министри повторно се враќаат Кире Наумов во финансии, Александар Кирацовски во министертвото за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски во ресорот земјоделство.

Согласно оваа одлука, Собранието ќе треба да се распушти на 12. октомври и да се распишат избори.

Премиерот Емил Димитриев истака дека очекува министрите и дополнителните заменици – министри да имаат коректна соработка наместо конфликти и освен организацијата на избори, да овозможат непречно да се одвиваат и проектите на Владата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во репликите уверено велат дека време е за избори на 11 декември. И двете страни се надеваат за победа.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески посочи дека намерата на министрите и замениците од СДСМ не е да делат власт со ВМРО-ДПМНЕ, туку да учествуват во подготвување на фер избори.

Тој вели дека опозицијата е уверена оти повторно ќе има нечесни скриени намери и смета дека улогата на министрите од СДСМ ќе биде токму да го спречат тоа.

-Далеку од умот е некој да мисли дека влегувањето на нашите министри е делење на власт во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи владеење во изминатиот период немаше, имаше чиста диктатура. Ескалирањето на кризата беше прислушувањето кое и се случи на Македонија, каде граѓаните имаа можност да слушнат што значи местење на избори, нарачани судски одлуки, политички реваншизам, рече Сугарески.

За парламентарни избори на 11. декември повика и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Ѓорчев, кој обвини дек аопозицијата две години се бори да не овозможи на граѓаните да го искажат своето мислење на избори.

-Дај да видиме избори, две години со раце и со нозе се борите да ги спречите граѓаните на Македонија да одлучуваат за македонската држава. Ако вас ве прави среќен дека некој му забранил на Македонецот да гласа, тогаш ние не сме среќи. Ние не сме среќни што законодавниот дом се распуштил па пак ќе се собере. Вие за месец ипол ќе имате огромен проблем, затоа што на 55 општински организации ќе треба да им кажете дека нема да има место, ќе треба место за ЛДП, за Шарена Револуција, за Мухамед Зекири.. Со целата оваа штета ефектот ќе биде следен: Во девет ипол, десет часот кога ќе дојдат резултатите од изборите ќе плачете кога ќе победиме со 200 000 разлика, рече Ѓорчев.

Партискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА го критикуваше независната пратеничка Роза Топузова – Каревска, која посочи дека ниту решението за ад-хок тело ќе ја реши ситуацијата со медиумите, ниту државата не е одвоена од партијата, а Избирачкиот список без попис е необјективен. Против предлозите за министри од СДСМ најави дека ќе гласа и пратеникот Амди Бајрам.

Изборната кампања предвидено е да започне на 21. ноември, а на 27 истиот месец ДИК ќе го затвори Избирачкиот список. На 10. декември завршува изборната кампања и почнува изборниот молк пред најавените предвремени парламентарни избори на 11 декември.

избори преодна влада Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.