Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ја констатираше оставката на пратеникот Салим Сулејмани

0
By Marija Todorovska on May 28, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 28, 2025 12:42

Собранието денеска ја констатираше оставката на пратеникот Салим Сулејмани од Алијанса за Албанците и ја задолжи Државната изборна комисија (ДИК) да го извести законодавниот дом за кандидатот што ќе го замени од изборната листа за да му се верифицира мандатот за пратеник согласно член 153 од Изборниот законик.  Веднаш по констатирањето на оставката на Сулејмани, пред да биде утврден дневниот ред на 52. седница, на барање на пратеникот од Левица Борислав Крмов потпретседателката на Собранието Весна Бендевска објави еден час пауза.

Како што соопшти Бендевска, до почетокот на седницата Сулејмани не известил дека сака да ја образложи оставката.

Салим Сулејмани на 18. месецов поднесе оставка од сите функции во АА, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност, а со неговата оставката Вреди добива нов пратеник.

Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“.

Не можам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе спомнати на меѓународни црни листи, посочи Сулејмани.

Објасни дека неговиот влез во политиката бил мотивиран од желбата за вистинска промена, а не од лични амбиции. Посочи дека ДУИ е „структура поврзана со клановски и лични интереси“ и додаде дека коалицијата ВРЕДИ ја сметал за „антипод на коруптивната матрица“.

Приближувањето на Алијанса за Албанците до ДУИ е предавство на ветеното и кршење на принципите, потенцираше Сулејмани во оставката.

Според кандидатската листа од последните парламентарни избори, во петтата изборна единица следна е Валбона Адили Емини, педијатар и кадар на Движењето Беса. Со нејзиното влегување, мнозинството на ВРЕДИ се зајакнува на 10 пратеници, по заминувањето на крилото на Арбен Таравари.

салим сулејмани Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.