Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниска дискусија за правата за ЛГБТИ лицата

0
By Biljana on July 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 28, 2021 15:43

Пратеници и претставници од невладиниот сектор во Собранието на Република Северна Македонија присуствуваа на презентацијата на тема: „Наодите од регионалното истражување на јавното мислење за правата на ЛГБТИ луѓето“, во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на ЛГБТИ лицата.

Презентацијата ја спроведе Дамјан Здравев, програмски координатор од „CivilRights Defenders“ од регионалната канцеларија во Белград.

Претседателката на ИППГ, Маја Морачанин вели дека последното истражување на јавното мислење, кое било спроведено кон крајот на минатата година, покажало позитивни резултати кои претставуваат значаен исчекор кон унапредување на правата на ЛГБТИ лицата во Македонија. Морачанин за НОВА ТВ вели дека она што радува е дека за некои прашања во последните пет години има прогрес и во Македонија и во регионот. Јавноста станува посензитивна за потребата од унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, а граѓаните препознаваат дека тоа се луѓе како и сите ние и дека заслужуваат да ги имаат истите човекови права, вели таа.

„Се разбира дека во некои области има незначителен пад на поддршката за одредени прашања, како што се прашањето за бракот и посвојувањето на деца. Но, од друга страна, на граѓаните доминантно не им пречи одржувањето на Парада на гордоста, сметаат дека треба да имаат партнерство за да си ги овозможат сите административни процедури, како што се посета во болница, здравствено осигурување, пензија, поделба на имот, односно се што следува со партнерството“, вели пратеничката Маја Морачанин.

Според Морачанин, активноста и на невладиниот сектор и на Интерпартиската парламентарна група вродиле со плод, резултатите се видливи, бидејќи општеството станало поотворено за прифаќање на различна сексуална ориентација, родов идентитет.

„Независно од ова истражување, зборувавме и за потребата од усвојување на Законот за матична евиденција, за да се овозможи правно признавање на родот, односно трансродовите лица да можат во личните документи да го сменат полот за да можат да си ги остваруваат достоинствено сите свои права и пред институциите и да не бидат дискриминирани“, вели Морачанин, додавајќи дека тоа е препорака и од Европскиот суд за човекови права со пресудата против лицето Х“, вели Морачанин.

Фото: Субверзивен Фронт

И Стефан Петровски од Здружението за сексуални и родови малцинства „Субверзивен фронт“ вели оти на дебатата била нотирана потребата од брзо усвојување на законските измени бидејќи токму поради оваа ставка во документите за лична идентификација, трансродовите лица се соочуваат со административни бариери, дискриминација и потсмев.

Податоците од „Регионалното истражување на јавното мислење за правата на ЛГБТИ луѓето“ покажуваат дека во се повеќе се нормализира општиот впечаток дека ЛГБТ луѓето се граѓани како и сите останати. Антонио Михајлов од „Субверзивен фронт“ за НОВАТВ вели дека се зголемени позитивните ставови кон организирање на јавните собири, како што е Парадата на гордоста, која за разлика од пред пет години, сега е прифатена како мирна прошетка која помогнала да се разберат самите ЛГБТ луѓе.

Но, и покрај големиот напредок, истражувањето покажало дека сепак остануваат т.н. патологизирачки ставови. Така на пример, високи 59 проценти од испитаниците одговориле дека хомосексуалноста е болест, а според старосната група, ваков одговор дале повозрасни граѓани кои имаат над 60 годишна возраст. 68 отсто од испитаниците одговориле дека истополовите бракови воопшто не се прифатливи, а само 17 проценти сметаат дека се прифатливи.

„По сите овие прашања има разлики во делот на која демографска структура ја имаат испитаниците. Вообичаено тие што имаат понизок степен на завршено образование имаат понегативни ставови, за разлика од оние кои имаат високо образование. Поприфатливи ставови кон ЛГБТ лицата имале испитаниците кои живеат во урбаните средини, а разлики имало и помеѓу националната припадност на испитацините. Така, попозитивни ставови имале испитаниците Македонци, за разлика од оние со Албанска националност кои искажале понегативни ставови“, вели Михајлов.

Напредок во однос на прифаќањето на ЛГБТ лицата бил искажан во однос на нивните права, па така високи 70 отсто од испитаниците одговориле дека истополовиот партнер има право да го посети својот партнер во болница или во затвор. Исто така околу правото на наследување или стакнување на право на здравствено осигурување врз основа на осигурувањето што го има партнерот, исто така е високо прифатлив, 68 отсто. 59 отсто пак одовориле дека истополовиот партнер има право да го добие наследството по смртта на неговиот партнер.

На денешната презентација во Парламентот, покрај народните избраници, присуствуале и претставници од НВО, Мрежата против хомофобија и трансфобија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, граѓанското здружение „Трансформа“, Коалиција „Маргини“.

Истражувањето се прави еднаш во пет години, а го спроведува „CivilRights Defenders“, организација од Шведска.

Истражувањето е спроведено телефонски, во декември 2020 година, на репрезентативен примерок од 1017 испитаници. Вакво истражување има спроведено во сите земји од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Инаку, пратениката Маја Морачанин најави дека група од пет пратеници од различни политики партии од македонското собрание, на 19 и 20 август ќе учествуваат на Интерпартиското Парламентарно Собрание во Копенхаген, Данска, каде ќе се ртазговара за правата и регулативите поврзани со ЛГБТИ лицата. На ова Собрание ќе учествуваат преку 130 пратеници од повеќе од 60 држави во светот.

Биљана Божиновска

ЛГБТ ЛГБТ заедница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.